Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Лута пиперка со силна порака: „Јади луто, не зборувај луто“ против говорот на омраза
    Македонија

    Лута пиперка со силна порака: „Јади луто, не зборувај луто“ против говорот на омраза

    24/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На скверот кај КИМ, на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, денеска е поставена нова уметничка интервенција посветена на подигнување на свеста за борбата против говорот на омраза.

    Станува збор за реалистична скулптура на лута пиперка со димензии 2м x 60см x 70см, која преку пораката „Јади луто, не зборувај луто“ на сликовит и духовит начин ја пренесува идејата за одговорна и внимателна комуникација.

    Инспирацијата за оваа акција произлегува од секојдневното искуство – исто како што внимаваме кога консумираме луто за да не се „изгориме“, така треба да внимаваме и кога зборуваме или пишуваме, за да не повредиме други со зборови кои можат да „горат“. Преку оваа симболика, интервенцијата поттикнува на размислување за последиците од говорот на омраза, особено во јавниот и дигиталниот простор.

    Користејќи ја моќта на уметноста и скулптурата во јавен простор, интервенцијата на својствен начин промовира една современа народна поговорка – „Јади луто, не зборувај луто“. Оваа едноставна, но силна порака ги потсетува граѓаните на потребата од одговорна комуникација и воздржаност од навредлив говор и говор на омраза, дури и во моменти на лутина или револт.

    Со поставувањето на скулптурата во фреквентен јавен простор, целта е да се привлече вниманието на граѓаните и да се отвори простор за дијалог за културата на комуникација и меѓусебната почит.

    Оваа уметничка интервенција е реализирана од Центарот за современи уметности – Скопје, во рамките на проектот „Мрежа за разновидност 2.0 – Нова агенда“, што го спроведува Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми – Скопје“.

    Previous ArticleКонференцијата на ЈЈИ во Скопје: Коридорите 8 и 10 се едни од најважните инфраструктурни проекти, Западен Балкан не смее да биде заборавен од ЕУ
    Next Article Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

    Поврзани вести

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    24/04/2026

    Обвинителството испитува дали биле почитувани мерките за безбедност по несреќата во Kисела Вода

    24/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Да се биде или не за Македонија ЃП во грчевитата битка за опстанок против Работнички

    Веселин Вујовиќ повторно ќе го води Катар

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    НАЈЧИТАНИ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Се проширува акцијата за откривање на нелегален увоз на ботокс и филери, најавени нови претреси низ целата држава

    24/04/2026

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.