Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

    Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ во македонскиот павилјон на Венециското биенале

    Чупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Само една третина од жените биле опфатени со скринингот за рак на грло на матка
    Македонија

    Само една третина од жените биле опфатени со скринингот за рак на грло на матка

    28/04/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во периодот од 2023 до 2025 година, скрининг на грло на матка бил извршен наоколу 149.000 жени во државата, што е опфат од 32 отсто, а тоа е многу помалку од предвидените 75 отсто. Наместо да расте, бројот на жени опфатени со скринингот од година в година се намалува. Само за споредба, во Словенија, со програмата за скрининг на рак на грло на матка, за три години беа опфатени 71 процент од жените, рече денеска на брифинг со новинарите, Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.  

    „Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70 отсто од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата за скрининг на рак на грло на маткане овозможува доволен опфат на жени за да се постигне навремено откривање и превенција од оваа болест, а тоа го покажа анализата на ЕСЕ. 

    Иако во програмата е наведено дека целта е за три години со скрининг да се опфати 75 отсто од женската популација на возраст од 21 до 59 години, државата ниту издвојува доволно средства за оваа намена, ниту спроведува активности за едукација и информирање на жените.

    „Ниското ниво на скрининг придонесува Македонија да е меѓу водечките земји во Европа и во регионот по бројот на новооткриени случаи на рак на грло на матка. Според последните достапни податоци, во 2023 година се откриени 327 нови случаи, додека во 2022 година биле регистрирани 289 случаи. Оваа стапка е највисока во Европа односно речиси пет пати повисока од Грција и Италија, три пати повисока од Словенија и двојно поголема од Србија“, рече Павловски. 

    Во однос на смртноста, во периодот од 2017 до 2023 година, од рак на грло на матка починале вкупно 540 жени. Тоа значи дека од овој вид карцином, во Македонија годишно во просек умираат околу 70 жени, иако со навремен и соодветен скрининг, најголем дел од  смртните случаи може да се спречат.

     „Клучни причини за ваквата алармантна состојба се недоволните средства кои ги одвојува државата за скрининг, како инедостигот од матични гинеколози, имајќи предвид дека во речиси 40 општини воопшто нема матичен гинеколог. Дополнително, не се работи на едукација и информирање на жените за неопходноста на овој тип прегледи во превенцијата на ракот на грлото на матката“, објаснува Павловски.

    Од ЕСЕ велат дека во последните две години проблем е и транспарентноста на Министерството за здравство во однос на оваа проблематика. Имено, со оглед на тоа што се промени начинот на кој се планира скринингот, не се достапни податоци колку точно средства се издвојуваат за оваа намена и колку жени е планирано да бидат опфатенина годишно ниво. 

    „Неопходно е да се промени и методологијата со која се прави скринингот на грло на матка. Во Македонија во моментов оваа процедура се изведува со ПАП брис, кај кој постои 20 отсто можност за грешка во резултатите, додека светските препораки се воведување ХПВ тест, кој е речиси 99 отсто точен“, додаде Павловски.  

    Ракот на грло на матка е четврт најчесто дијагностициран рак кај жените, но доколку се открие навреме, големи се шансите целосно да се излечи. Токму затоа, ова е првиот тип рак за кој Светската здравствена организација усвои Глобална стратегија за целосно елиминирање на смртноста. 

    Мета неодамна, во рамки на Европската неделa на имунизација, пишуваше дека вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од Хуман папилома вирус (ХПВ) во Македонија, во 2025 година изнесувал 51,5 отсто, што е далеку под потребниот просек од 95 отсто. Според извештајот за реализација на програмата за задолжителна имунизација на населението што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), најмалку вакцинирани девојчиња и момчиња има во Охрид (9,9 отсто), а вакцинацијата е 100 отсто реализирана во Берово, Виница, Пехчево, Македонски Брод и во Валандово.

    Борјан Павловски, Здружение ЕСЕ. Фото: Мета.мк

    „Опфат понизок од вкупниот опфат во републиката се регистрира Тетово/Гостивар, Битола, Скопје, Прилеп, Битола и Кичево. Од подлежечките лица на територијата на целата република за оваа вакцина, не се опфатени вкупно 8.224 лица, од кои 4.638 се жители на Скопје“, наведено е во извештајот.

    Сепак, регистрираниот опфат со ХПВ вакцина (51,5 отсто) лани е повисок во однос на 2024 година (50,2%) и е повисок во однос на просечниот опфат за петгодишниот период (2020-2024) кој изнесува 47,5 отсто.

    „Лани за прв пат се реализира опфат со ХПВ вакцинација кај целата целна популација, по воведувањето на вакцинацијата и кај момчињата во 2024 година. Вклучувањето на момчињата во програмата придонесе за зголемување на бројот на вакцинирани деца и на вкупниот опфат. Во однос на 2024 година, како и во однос на
    просечниот петгодишен период, се бележи благ пораст на опфатот од 50,2% во 2024 година на 51,5% во 2025 година. Проширувањето на ХПВ вакцинацијата на момчињата има позитивно влијание врз зголемувањето на опфатот, но истиот останува релативно низок. Иако се забележува умерено подобрување на опфатот со ХПВ вакцинацијата, постојат значителни географски разлики меѓу регионите, со исклучително низок опфат во одредени подрачја и висока концентрација на невакцинирани лица во Скопје“, се наведува во извештајот.

    Previous ArticleКадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!
    Next Article Зоран Спасов Ѕоф:  Да се пишува за Гоце Делчев е предизвик, храброст и одговорност

    Поврзани вести

    Академската фела на УКИМ денеска избира нов ректор, за позицијата кандидати се Ангелова и Данев

    28/04/2026

    Лани во земјава 31 работник го изгубил животот во несреќи на работа

    28/04/2026

    Вработен во основно училиште од Гостивар осомничен за силување на 14-годишно девојче

    26/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Енрике: Натпревар на кариерата, се договоривме колку голови треба да постигнеме во Минхен

    Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ во македонскиот павилјон на Венециското биенале

    Чупиќ искрен: Генерално крајниот резултат ми изгледа логичен

    Пратениците денеска ќе расправаат за укинување на техничката влада и за едно државјанство за пратениците

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.