Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Кога ќе се искриви обрачот, има решение – Бојан Крстевски (ВИДЕО)

    Од ССМ повикуваат на првомајски протест во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“

    Муцунски-Грлиќ Радман: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Пратеникот Миле Цеков ги напушти ЗНАМ и владејачкото мнозинство
    Македонија

    Пратеникот Миле Цеков ги напушти ЗНАМ и владејачкото мнозинство

    30/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пратеникот Миле Цеков денеска соопшти дека ја напушта ЗНАМ и дека отсега во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, истакнувајќи дека веќе не е дел од владејачкото мнозинство.

    Тој во своето обраќање до јавноста вели дека во политиката влегол со цел да им служи на татковината и граѓаните, но дека очекуваните промени не се реализирале.

    „Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, тие промени не се случуваат“, вели Цеков.

    Ваквата негова одлука, како што додава, произлегува од состојбите во државата поврзани со корупцијата, селективната правда и нефункционалноста на институциите, како и од социјално-економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

    „Оваа моја одлука доаѓа затоа што не прифаќам да живееме во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции. Не прифаќам младите да си заминуваат поради системот, а работниците да живеат со најниска плата во регионот. Не прифаќам загаден воздух и загадена средина. Не прифаќам држава што увезува наместо да произведува храна“, истакна тој.

    Се осврна и на законски решенија и политики за кои не дал поддршка, меѓу кои и измени поврзани со минерални суровини, при што порача дека се противи на отворање нови рудници и концесии.

    Според него, останува приврзан на европската перспектива на државата, но со јасна заштита на националниот идентитет, јазикот и културата. „Јазикот, идентитетот и културата се темелот на нашето постоење и тие не се за преговарање“,

    Цеков ги истакна и неговите активности како пратеник во изминатиот период, меѓу кои законски иницијативи поврзани со земјоделството, заштита на животната средина, инфраструктурни проекти и мерки за подобрување на животниот стандард.

    „Во изминатите две години се борев за земјоделците, поднесувајќи конкретни закони – од зголемување на прагот за ДДВ обврзник од два на четири милиони денари, фер откупни цени, до пакет антикризни мерки за поддршка преку субвенции за вештачките ѓубрива и зелената нафта. Се залагав за заштита на природата, поради што предложив планината Беласица да биде прогласена за заштитено подрачје, а за Дојранското Езеро барав трајно решение за снабдување со вода. Предложив измени на буџетот за изградба на експресниот пат Гевгелија – Струмица – Ново Село и се залагав за подобар животен стандард, вклучително и зголемување на минималната плата“, посочи Цеков.

    Во политиката, како што истакна, не влегол за да се промени самиот, туку тој да ја смени политиката.

    „Затоа не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам. Заминувам од политички субјект што формално е демократски, но суштински не ги исполни очекувањата на граѓаните. Заминувам од политика што не застана зад ветувањата“, рече Цеков.

    На крајот од своето обраќање рече дека останува цврсто и доследно на она во што верува, посочувајќи ги правдата и одговорноста, борбата против криминалот и корупцијата, но и во економски силна Македонија и во иднина во која младите ќе останат.

    „Подавам рака до сите што веруваат во истите вредности и се подготвени да работат за доброто на татковината и народот. Ова е нов почеток. Почеток на борба за правда и одговорност“, заклучи тој.

    Previous ArticleАвтобусите на ЈСП овој викенд ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да биде во функција
    Next Article ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    Поврзани вести

    Од ССМ повикуваат на првомајски протест во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“

    01/05/2026

    ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    30/04/2026

    Автобусите на ЈСП овој викенд ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да биде во функција

    30/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Кога ќе се искриви обрачот, има решение – Бојан Крстевски (ВИДЕО)

    Од ССМ повикуваат на првомајски протест во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“

    Муцунски-Грлиќ Радман: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

    Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Стоилковиќ до Беџети: Дојдете со мене во Куманово за да видите како живеам со Албанците

    30/04/2026

    ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    30/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.