Close Menu
Malesh
    Актуелно

    За првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)

    Честитки од Сиљановска и Гаши по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

    Кога ќе се искриви обрачот, има решение – Бојан Крстевски (ВИДЕО)

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Промовирана платформа „Регион без отпад“ за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион
    Македонија

    Промовирана платформа „Регион без отпад“ за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион

    30/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Осумнаесет општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион се дел од новата веб платформа „Регион без отпад“, која треба да служи како централизирана дигитална алатка за поддршка на управувањето со отпад во регионите. Преку платформата ќе се обезбеди пристап до релевантни информации, податоци и ресурси поврзани со управувањето со отпад и ќе ја зајакне координацијата и размената на информации и добри практики помеѓу општините од двата региона. Целта е и да се зголеми транспарентноста и да се овозможи подобро планирање и донесување одлуки базирани на податоци.

    На веб платформата ќе може да се најдат и сите информации поврзани со работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион како и разни податоци за отпадот и услугите што ги нудат комуналните претпријатија.

    „Платформата претставува и основа за идното функционирање на регионалното јавно комунално претпријатие, овозможувајќи подобра поврзаност меѓу институциите и засегнатите страни.
    Покрај координативната и информативна улога, платформата нуди и пристап до практични алатки развиени во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Посебно значајна е методологијата за чистење и затворање на дивите депонии која нуди системски пристап кој ги комбинира мапирањето и проценката, анализата на примарните причини, вклучувањето на заедницата, подобрувањето на инфраструктурата и континуираниот мониторинг. Оваа методологија овозможува долгорочно решавање на проблемот и спречување на повторно појавување на ѓубриштата и е веќе успешно употребена во Кичево, со намера опфатот да се прошири и на останатите општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион“, велат од Салар Интернационал.

    Дополнително, платформата содржи и прирачник за заштита од пожари на депониите, кој, со оглед на честите пожари (1500 детектирани пожари само во 2023) и нивното влијание врз здравјето и животната средина, нуди конкретни мерки за превенција, рано откривање и подобра подготвеност на институциите во случај на пожари на депонии. Овој прирачник претставува практична рамка за подобрување на безбедноста во период додека се воспоставуваат модерни регионални решенија за управување со отпад.

    Покрај овие ресурси, платформата вклучува и методологија за интегрирање на родовата перспектива и анализа за меѓуопштинската соработка, со што се обезбедува сеопфатна практична поддршка за општините и јавните комунални претпријатија во планирањето и имплементацијата на одржливи решенија.

    Previous ArticleСмилковски: Битката за АБА-лига не е завршена!
    Next Article Автобусите на ЈСП овој викенд ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да биде во функција

    Поврзани вести

    Од ССМ повикуваат на првомајски протест во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“

    01/05/2026

    ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    30/04/2026

    Пратеникот Миле Цеков ги напушти ЗНАМ и владејачкото мнозинство

    30/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    За првпат во историјата на мак-баскетот: Кошаркари добија благодарници од навивачи (ФОТО)

    Честитки од Сиљановска и Гаши по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

    Кога ќе се искриви обрачот, има решение – Бојан Крстевски (ВИДЕО)

    Од ССМ повикуваат на првомајски протест во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Стоилковиќ до Беџети: Дојдете со мене во Куманово за да видите како живеам со Албанците

    30/04/2026

    ФОП: Без доказ за втор циклус, избрана за редовен професор на Универзитетот во Тетово

    30/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.