Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Кина се согласи на огромен извоз на хибридни автомобили во ЕУ во значаен договор

    Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

    85 години антифашизам, СДСМ и Левица со различни одбележувања

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»„Не умира и мртов памети поетот“ – белешки од вчерашното свечено отворање на Деновите на поезијата
    Култура

    „Не умира и мртов памети поетот“ – белешки од вчерашното свечено отворање на Деновите на поезијата

    15/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со стихови од плејада творци од првите генерации на современата македонска поезија, вчера свечено се отворија Деновите на поезијата, на поетската сцена на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во Скопје Сити Мол.

    Инспириран од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата која го надлетала неговиот свет и со моќниот стих „не умира и мртов памети поетот“, изборот на песни за свеченото отворање посведочи за трајното присуство на нашите јубилари во македонскиот јазик и неговата духовност.

    Со нас беа ластовиците на Блаже Конески, која ја бележале за него нејасната порака на животот и времето; птичјите крила со кои се здружила душата на Љупчо Стојменски; летот на песната на Михаил Ренџов; сонцето кое ги прегрлува Илхами Емин и негвата птица; туртуричето на Атанас Вангелов; детето на Петар Т. Бошковски, со затворен лет на птица во клепките; птицата што логорува под небото на Љубен Ташковски; сињо – небесната птица на Светлана Христова Јоциќ, која патот ѝ го темносува; белите птици со искрвавени клунови на Видое Видичевски…

    Иван Чаповски, кој годинава го прославува својот 90. роденден, го замоливме да ја прочита песната „Сеќавањето бело“, посветена на Танас Луловски, сликар кој нè напушти пред точно 20 години, а со нас беше, барем во мислите, и Јован Стрезовски кому му оддадовме почит по повод неговиот 95. роденден, со “ехото кое сведочи дека глас еднаш пуштен не изчезнува“.

    – Деновите не се ограничуваат на јубилеи, изјави пред публиката Јасмина Шопова, потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, но тие спак претставуваат клучен момент, бидејќи идејата водилка на манифестацјата е токму незаборавот, негувањето на културното наследство и нишката која ги поврзува некогашните и сегашните генерации, минатото и иднината.

    „Зборувам особено за јубилеите на оние поети кои се сега ‘отаде сите неба’, чиишто сенки ‘уште им се гледаат“, додека ‘на земјата веќе сè е минато’, како што рече Анте Поповски во своите песни“, додаде Шопова.

    Свеченоста ја водеше Никола Ристановски, а во читањето на поезијата му се придружија Софија Гогова Врчаковска и студентите на Факултетот за музичка уметност, Дамјан Атовски и Теона Крстевска. Млади уметници се вклучија и на полето на музичката продружба. Покрај Петар Ренџов, стиховите ги пратеа Сергеј Настески и Антонио Трајковски, студенти на Факултетот за музичка уметност.

    Овој омаж на основоположниците на македонската современа поезија, беше своевиден израз на „еден внатрешен порив да се надомести барем во дел благодарноста кон оние македонски писатели кои по силата на нивниот творечки чин означуваат и етички и естетски прототип на својот народ“, како што забележа Анте Поповски при една друга средба, врзана со Ацо Шопов, кога пред три децении се одбележуваа 70 години од неговото раѓање.

    Previous ArticleЖестоки критики кон Дончиќ: Кога најмногу ви треба – го нема!
    Next Article CHERY ЗА МАКЕДОНИЈА: Го одбележуваме Денот на ракометот навиваме!

    Поврзани вести

    Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

    10/10/2026

    Македонскиот филмолог Владимир Ангелов во жирито на фестивал во Варшава од А категорија

    09/10/2026

    Доаѓа „ИНА“: Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца и хероина што го менува погледот

    08/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Кина се согласи на огромен извоз на хибридни автомобили во ЕУ во значаен договор

    Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

    85 години антифашизам, СДСМ и Левица со различни одбележувања

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    НАЈЧИТАНИ

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.