Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Прибетиќ: Не е крај на светот, но не смееме да потонеме после поразот!

    Има само едно сценарио од кое стравуваат навивачите на Тотенхем

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Муцунски бара поддршка за изборните измени, најави рекордна исплата од ЕУ
    Македонија

    Муцунски бара поддршка за изборните измени, најави рекордна исплата од ЕУ

    14/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски побара поддршка од опозицијата за усвојување на клучните закони поврзани со европските реформи, нагласувајќи дека без договор во Собранието нема да може целосно да се реализира пристапот до европските средства.

    Според него, меѓу најважните прашања се измените на Изборниот законик и реформите во правосудството, за кои е неопходно пошироко политичко усогласување и двотретинска поддршка.

    „Пред се, кај изборниот законик и правосудните реформи е потребна политичка зрелост. Не декларативна поддршка на прес-конференции, туку конретна, во институциите и собранието“, изјави Муцунски.

    Тој посочи дека законските измени се клучни и директно ќе влијаат врз кредибилитетот на државата, владеењето на правото и користењето на европските фондови.

    „Секое блокирање, одолговлекување или политизирање на овие процеси, не е удар врз Владата, туку врз европската перспектива на државата и врз интересите на македонските граѓани“, изјави Муцунски.

    Според него, во период кога државата добива сериозна доверба и поддршка од Европската Унија, политичките чинители имаат обврска да покажат одговорност и да придонесат кон измените, нагласувајќи дека “реформската агенда е директно поврзана и со планот за раст на ЕУ, кој отвора сериозни можности за инвестиции, инфраструктура и економски развој“.

    Муцунски најави дека во наредниот период државата очекува „историски висока исплата“ во рамки на планот за раст, оценувајќи дека тоа претставува потврда оти европските институции го препознаваат институционалниот капацитет и подготвеноста на земјата за спроведување на реформите.

    На новинарско прашање како би се постигнал консензус меѓу власта и опозицијата, со оглед на нивните спротивставени ставови, Муцунски одговори дека клучен е реформскиот процес, во рамки на кој треба да се усвојат неколку важни закони во Собранието, за што е потребен консензус или двотретинско мнозинство.

    Тој истакна дека овие закони се предмет и на оценка од европските институции, поради што, како што рече, сите политички чинители треба да покажат одговорност.

    „Ако опозицијата секој ден држи прес-коференции и вели нема нешто позначајно од ЕУ, треба да ги користиме фондовите, но во пракса не ги поддржуваат европските закони, тогаш заклучокот е јасен“, изјави Муцунски.

    Според него, прес-конференцијата не била организирана за меѓусебни обвинувања, туку за да се упати повик за зрелост и за, како што рече, опозицијата да постапува во согласност со заложбите што јавно ги промовира.

    „Денешната прес-конференција, не е свикана за да се етикетираме, туку за да ја повика опозицијата да дејствува согласно тоа што го говори. Не може кога тие се повикани да учествуваат во работна група за закон кој Европа го бара од нас, да си речат ние ќе го бојкотираме процесот бидејќи не ни се допаѓа претседателот на Владата“, изјави Муцунски

    Previous ArticleМЛС го лиши Меси од хет-трик (ВИДЕО)
    Next Article Муцунски: Потребен ни е дијалог со Софија

    Поврзани вести

    Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    20/05/2026

    Дезинформациите претставуваат сè поголем предизвик за демократските процеси, потребно е вклучување на земјите кандидатки во Европскиот демократски штит

    20/05/2026

    Денеска се одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарството

    20/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Прибетиќ: Не е крај на светот, но не смееме да потонеме после поразот!

    Има само едно сценарио од кое стравуваат навивачите на Тотенхем

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

    Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026

    „Ryanair“ барала поголеми субвенции и приоритет на аеродромите, вели Николоски

    17/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.