Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт.
Во февруари Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси биле наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.
Понудата на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и австриската „ЕВН“ беше избрана како најповолен понудувач за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење.
„Икарус“ требаше да ги испорача електричните автобуси, додека „ЕВН“ беше задолжена за поставување на станиците за полнење.
Од Министерството за транспорт известуваат дека предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок.
