Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Брзо, лесно и слатко: Направете домашен сладолед со само една состојка

    Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра

    Еве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Еко свест: Државата да ги донесе законите и актите кои фалат и да обезбеди реална помош за граѓаните да станат производители на енергија
    Македонија

    Еко свест: Државата да ги донесе законите и актите кои фалат и да обезбеди реална помош за граѓаните да станат производители на енергија

    22/05/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Интересот за поставување на соларни системи кај домаќинствата е голем, но високите почетни трошоци,
    сложените административни процедури и недоволната информираност остануваат главни пречки за поголемо учество на граѓаните. Можноста за граѓаните да станат просумери, или активни потрошувачи, кои ќе можат и да произведуваат, да складираат и да продаваат енергија е реална по донесувањето на новиот закон за енергетика, но недостасуваат законите за обновливи извори на енергија и многу подзаконски акти кои овие закони ќе ги направат функционални.

    Токму овие теми беа во фокусот на регионалната конференција „Граѓанска енергија: регулатива, практики и искуства од регионот“, што вчера се одржа во Скопје во организација на Еко-свест од Скопје и Центарот за унапредување на животната средина од Србија. На конференцијата учествуваа претставници на институции, граѓански организации, општини и експерти од Македонија и Србија.

    „Според анализата за достапните субвенции и поддршка на граѓаните за да станат активни потрошувачи во Македонија и во Србија, покажува дека има огромен интерес особено со новиот закон од 2025 година кога се отвори можноста и за граѓански енергетски заедници. Граѓанската енергија веќе е реалност, а не фикција, но мора да се поедностават процедурите, да има поголема поддршка од институциите, повеќе финансии, но и поддршка со донесување на законите и подазаконските акти кои неодстасуват“, вели Елена Николовска програмски координатор за енергија и клима во Еко свест.

    Таа посочи дека Македонија нема регистер на просумери, за разлика од Србија, заради што не е познат бројот на домаќинства кои веќе одлучиле да инвестираат во фотонапонски централи и да произведуваат енергија. Николовска вели дека земјава треба да направи регистар бидејќи на тој начин ќе може да се креираат политиките за поддршка на зголемување на уделот на просумерите и енергетските заедници бидејќи тоа ќе води кон пофер и подемократски енергетски систем, децентрализација на производството и ќе придонесе за декарбонизација на државата.

    Во рамки на конференцијата беа презентирани и клучни наоди од истражување за профилите, мотивациите и бариерите на постојните и потенцијалните потрошувачи- производители (просумери) во Македонија. Според анализата 70 проценти од потрошената струја е од страна на домаќинствата и малите фирми, заради што е важно на овие категории да им се даде вистинска можност да произведат што повеќе електрична енергија.
    „Енергетската трансформација нема да биде успешна ако граѓаните останат само набљудувачи. Таа ќе биде успешна само ако граѓаните станат активни учесници, партнери и носители на промената,“ рече Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.
    Учесниците предупредија дека прашањето за капацитетот на мрежата не е само техничко, туку и политичко прашање, односно прашање за тоа колкав простор државата сака да обезбеди за граѓанска енергија.
    „Енергетската транзиција нема да биде праведна ако само замениме една технологија со друга, додека моќта, профитот и контролата останат во рацете на мал број актери. Затоа, граѓанската енергија претставува многу повеќе од соларни панели и сметки за струја“- изјави Ивана Јовчиќ од Центарот за унапредување на животната средина од Србија.
    Фокусот на дискусијата беше на граѓанската енергија и просумерството кои претставуваат клучен дел од праведната енергетска транзиција, но за нивен побрз развој се потребни појасни правила, подобра институционална координација и поголема вклученост на граѓаните. Учесниците посочија дека новиот Закон за енергетика на Македонија од 2025 година отвора значајни можности за активно учество на граѓаните во енергетскиот систем, но, сè уште недостасуваат подзаконски акти и усогласување со други закони, особено во областа на финансии, домување и градење. Дополнително особено важно е јасно и недвосмислено толкување и примена на одредбите од овој закон од сите засегнати страни.
    Како важни примери беа посочени искуствата од Србија и Романија, каде што развојот на просумерството бара долгорочна институционална поддршка и стабилна регулаторна рамка. Учесниците заклучија дека без активно учество на граѓаните, енергетската трансформација нема да биде возможна, а енергетските заедници и активните потрошувачи треба да станат централен елемент на идниот развој на енергетскиот
    систем во земјата и регионот.

    Previous ArticleДелчево доби уникатен парк со цитати од Библијата каде се споменува Македонија
    Next Article Комисијата за заштита на конкуренција утврдила неправилности кај откупните центри

    Поврзани вести

    Измените во Изборниот законик не се движат во правилна насока, вели Цветановски од ЛДП

    08/06/2026

    Мицкоски: Не секогаш треба да ги коментираме ставовите на СДСМ

    08/06/2026

    Цената на бензините се намалува за два денари, дизелот ќе поскапи за 1,5 денари

    08/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Брзо, лесно и слатко: Направете домашен сладолед со само една состојка

    Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра

    Еве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!

    „Страв и надеж“ на МНТ дел од јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

    НАЈЧИТАНИ

    ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО

    04/06/2026

    Реконструкција на кров на ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево

    01/06/2026

    За 10 години, 10 милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти, најавува премиерот Мицкоски

    08/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.