Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Про-кремлинскиот ориентиран руски воен блогер Михаил Звинчук е уапсен во Црна Гора

    Кина се согласи на огромен извоз на хибридни автомобили во ЕУ во значаен договор

    Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици
    Политика

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    23/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Фокусот на дискусиите беше ставен на имплементацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит на НАТО во Хаг, особено во делот на зголемените инвестиции за модернизација на одбраната и одбранбените капацитети, како и на целосната и ефективна имплементација на обврските преземени во рамки на Планот за одбранбени инвестиции. Притоа, беше нагласена заедничката заложба за нивно исполнување со цел натамошно зајакнување на колективната одбрана и капацитетите за одвраќање на Алијансата.

    Муцунски нагласи дека Западниот Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици, потенцирајќи дека регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО.

    Министерот Муцунски ги пренесе приоритетите и активностите на Владата во исполнувањето на заедничките обврски преземени на Самитот во Хаг, со посебен акцент на зајакнувањето на домашните капацитети и способности преку соодветно и зголемено финансирање на одбраната, со цел унапредување на придонесот на државата во колективните одбранбени напори на Алијансата.

    Во однос на заедничките напори за зајакнување на колективната одбрана и одвраќање, министерот Муцунски ја нагласи и важноста од натамошен развој и модернизација на одбранбената индустрија, преку зголемување на одбранбеното производство, како и модернизација на индустриските капацитети, како значаен приоритет за посилна Европа во рамки на посилно НАТО.

    Министрите ја нагласија потребата од продлабочување на соработката и координацијата меѓу сојузниците, со цел натамошно зајакнување на трансатлантските врски и демонстрирање на единство во справувањето со новите глобални безбедносни предизвици.

    Во однос на Украина, министерот Муцунски ја реафирмираше континуираната поддршка за земјата, како и важноста од обезбедување континуитет и предвидливост на помошта, паралелно со напорите за изнаоѓање праведно решение за воениот конфликт.

    Актуелните состојби во Јужното соседство, исто така, беа предмет на дискусија, при што министерот ја нагласи потребата од зајакнат и координиран пристап меѓу сојузниците, како и важноста од соработката со партнерите од регионот и блиската координација со Европската Унија во справувањето со актуелните безбедносни предизвици.

    Во овој контекст, беше потврдено значењето на партнерскиот дијалог и продлабочената соработка со стратешките партнери на Алијансата, како важен предуслов за обезбедување стабилност и безбедност на евроатлантскиот простор, соопшти МНР.

    Previous ArticleПоследна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“
    Next Article Во пресрет на студентските протести комплетно е запрен железничкиот сообраќај во Србија

    Поврзани вести

    85 години антифашизам, СДСМ и Левица со различни одбележувања

    10/10/2026

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    09/10/2026

    Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни, но договорено е дијалогот да продолжи

    09/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Про-кремлинскиот ориентиран руски воен блогер Михаил Звинчук е уапсен во Црна Гора

    Кина се согласи на огромен извоз на хибридни автомобили во ЕУ во значаен договор

    Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

    85 години антифашизам, СДСМ и Левица со различни одбележувања

    НАЈЧИТАНИ

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Петрова по средбата со Муцунски: Бугарија нема нови услови за Северна Македонија, очекуваме исполнување на обврските од 2022 година

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.