Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово
    Македонија

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во општина Пехчево започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово, проект кој има за цел да ја подобри патната инфраструктура и да овозможи побезбедна и поефикасна комуникација за жителите од овој регион.
    На увид на градежните активности денеска беше градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански, кој истакна дека реализацијата на овој проект претставува значаен чекор кон подобрување на условите за живот на локалното население.
    „Со реконструкцијата и асфалтирањето на овој патен правец овозможуваме полесна комуникација меѓу населените места, подобра мобилност на граѓаните, како и олеснет транспорт и движење на стоки и добра“, посочи Китански.
    Тој упати благодарност до премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски г-дин Александар Николоски за поддршката и обезбедените средства за реализација на проектот, нагласувајќи дека Владата продолжува да инвестира во развојот на локалната инфраструктура и подобрување на условите за живот во руралните средини.
    Од Општината апелираат до граѓаните да се воздржат од движење по новоасфалтираните делници додека траат градежните работи и целосно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на активностите на терен.
    Проектот е финансиран од Владата на Република Македонија, а по неговото завршување се очекува значително да се подобри локалната патна поврзаност и секојдневното функционирање на жителите од овој дел на Малешевијата.

    Previous ArticleМуцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Поврзани вести

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    23/05/2026

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    23/05/2026

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО: На Балканот постојат безбедносни ризици

    Последна битка на ТФТ и Пелистер за „бронзата“

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    НАЈЧИТАНИ

    ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе повеќе решенија, ова се новите имиња

    18/05/2026

    Молебен во чест на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

    23/05/2026

    ВИДЕО: 150 години од Разловечкото востание, Делчево го одбележува големиот јубилеј

    18/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.