Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Брзо, лесно и слатко: Направете домашен сладолед со само една состојка

    Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра

    Еве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»На 28 мај „Виенска фантазија“ со најпознатите дела од класиката
    Култура

    На 28 мај „Виенска фантазија“ со најпознатите дела од класиката

    22/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен “Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика”

    Шкeљзен Доли (1971 – роден во Елбасан, Албанија, израснат во Ѓаковица, Косово е истакнат виолинист кој денес активно дејствува на меѓународната сцена. Со изучување на виолина започнал во 1980 година, а во периодот од 1987 до 1991 година се школувал во Музичкото училиште во Нови Сад, во класата на Евгенија Чугуева. Во 1989 година ја освоил првата награда на Југословенскиот натпревар за млади музичари во Сараево. Во 1992 година ги продолжил студиите на Универзитетот за музика и изведбени уметности во Виена, каде што се усовршувал кај професорите Дора Шварцберг, Михаел Фришеншлагер и Јозеф Хел. Набргу потоа станал соработник (замена) во оркестарот на Виенската државна опера, а подоцна и редовен член на виолинската група. Од 1995 година е член на Виенската филхармонија, со што се вбројува меѓу врвните оркестарски музичари на денешницата. Преку учество во различни камерни состави на Филхармонијата, како што се „Toyota Master Players“, „Vienna Virtuosen“ и ансамблот „Wiener Collage“ на Рене Штаар, Доли цврсто се етаблира како значајна фигура во музичкиот живот на Виена. Како солист и камерен музичар настапувал на бројни турнеи низ Европа, Северна Америка, Африка, Израел и Јапонија. Неодамна е еден од основачите на камерниот ансамбл „The Philharmonics“, кој привлекува внимание со својот уникатен пристап кон класичната музика.

    Роден во 1976 година во Ополе, Шлезија (Полска), маестро Михау Мачашчик уште од најрана возраст развивал длабока љубов кон класичната музика. Но, звукот на виолината станал негова најголема страст, и токму таа го водела кон исклучителна кариера како концерт-мајстор, солист и потоа диригент. Со изучување на виолина почнал на осумгодишна возраст, а своето музичко образование го продолжил во Средното музичко училиште во Познањ, потоа и студиите на тамошната Музичка академија каде што дипломирал со највисоки оценки на само 21 година. Во текот на своето усовршување работел со проф. Алфред Штаар на Универзитетот за музика и изведбени уметности во Грац, а подоцна се стекнал со титулата доктор на уметности на Музичката академија во Краков. Веднаш по дипломирањето, на 21 година, е именуван за концерт-мајстор на Виенскиот камерен оркестар, со што започнала неговата меѓународна кариера. Од 2000 година редовно соработува со Виенската филхармонија, а во периодот од 2000 до 2008 година бил член на оркестарот на Виенската државна опера. Од 2010 година ја извршувал функцијата генерален музички директор на „Vienna Classical Orchestra“. Во 2014 година ја преземал уметничката раководна улога во „Polish Art Philharmonic Symphony Orchestra“ и Камерниот оркестар „Concertino“, позиции што ги извршува и денес. Неговата меѓународна активност се проширува и во Азија, каде што од 2015 година дејствува како гостин професор на Централниот конзерваториум за музика во Пекинг. Во текот на својата кариера работел со некои од најреномираните диригенти на нашето време, меѓу кои Рикардо Мути, Зубин Мехта, Марис Јансонс, Мстислав Ростропович, Бернард Хаитинк, Кристијан Тилеман… Повеќе од две децении, Виена претставува негов уметнички дом

    Previous ArticleЃоргова: Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот
    Next Article Ѓоргова: Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот

    Поврзани вести

    „Страв и надеж“ на МНТ дел од јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

    09/06/2026

    Маалски фестивал 5.0: на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија

    08/06/2026

    Промоција на „Исповед за акварелот“ – три децении акварелно творештво на Снежана Илиева

    08/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Брзо, лесно и слатко: Направете домашен сладолед со само една состојка

    Мицкоски го оживува хидроенергетскиот проект стар над 30 години, „Чебрен и Галиште“ е повторно во игра

    Еве зошто Барселона никогаш не ја повлече “десетката“ на Меси!

    „Страв и надеж“ на МНТ дел од јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

    НАЈЧИТАНИ

    ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО

    04/06/2026

    Реконструкција на кров на ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево

    01/06/2026

    За 10 години, 10 милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти, најавува премиерот Мицкоски

    08/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.