Четири државјани на Албанија се приведени рано утринава поради незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, денеска околу 5 часот, полициски службеници од Регионалниот центар Запад ги затекнале лицата при вршење риболов во период кога е на сила активна забрана за риболов во езерото.
При извршените проверки било утврдено дека четворицата албански државјани нелегално ја преминале државната граница.
На местото на настанот полицијата пронашла крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
