Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»(4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно
    Македонија

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Протест на учениците, родителите и раководството на Средното медицинско училиште во Тетово за неопфаќање на нивните ученици во стипендиите за дуални паралелки. Фото: Фисник Џелили (26.10.2023)

    Недостатокот на социолози, психолози и друг стручен кадар и натаму е нерешен проблем во средните училишта во Тетово и Гостивар. И додека употребата на дроги кај младите постојано расте и експертите постојано ја нагласуваат нивната потреба и улога во училиштата, општинските власти и натаму се жалат дека Министерството за образование не одобрува вработувања, додека пак од Министерството се правдаат и „вината“ ја префрлуваат кај општините, пишува Порталб.мк.

    Во средните училишта во Полог недостасува разновиден стручен кадар како психолози, социолози, дефектолози, педагози и други.

    Иако  официјалните податоци покажуваат присуство и употреба на наркотични средства од страна на младите средношколци, честопати во училиштата недостасуваат стручни служби кои треба да ги советуваат учениците.

    Според експертите стручните училишни служби, како што се психолозите, педагозите и социјални работници, играат суштинска улога во раното идентификување и решавање на емоционалните и социјалните проблеми на учениците, помагајќи во намалувањето на девијантните и негативните однесувања на децата.

    Каква е состојбата во Тетово?

    Од Општина Тетово за Порталб.мк информираат дека во средните училишта во Општина Тетово имаат потреба од овие стручни кадри: СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – дефектолог, СОУ „8 Септември“ – психолог и социолог, СОТУ „Ѓоце Стојчески“ – дефектолог, СОУ „7 Март“ – дефектолог и социолог, СОМУ „Никола Штењ“ – психолог, социолог и педагог.

    Оттаму информираат дека како институција ангажирале стручен кадар во СОУ „8 Септември“ и СМОУ „Никола Штењ“.

    „Општина Тетово побарала вработувања од Министерството за образование и наука, но сè уште не сме добиле конкретен одговор“, велат од Општина Тетово.

    Од таму додаваат дека општината ангажира дефектолог во случаи кога во тоа училиште се запишуваат деца со посебни потреби.

    Општина Тетово, Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

    Каква е состојбата во Гостивар?

    Од Општина Гостивар не добивме одговор за сите училишта, меѓутоа, ситуацијата не е многу различна од Тетово.

    Од Гимназијата во Гостивар изјавија дека преку Општина Гостивар до Министерството за образование со години поднесуваат барање за ново финансирање за позицијата училишен психолог (турски наставен јазик).

    „Поради потребата на учениците и вработените за советување и издавање документи на турски јазик, за што нема вработен во стручната служба и администрацијата кој го зборува турскиот јазикот“, рекоа од ова училиште.

    Средното медицинско училиште во Гостивар нема социолог.

    „Неколку пати сме побарале, но не сме добиле одговор. Ние како училиште побаравме вработувања од Министерството за образование и наука, но ништо од тоа не е реализирано, не добивме никаков позитивен одговор за нови вработувања“, велат од ова училиште.

    Фото: Средно општинско економско училиште „Гостивар”. Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

    Исмаили: Недостатокот на кадар го слабее раното идентификување и превенција

    Поранешниот наставник Сатки Исмаили се согласува дека недостатокот на стручен кадар во училиштата, како што се педагозите, социолозите и психолозите, значително го намалува капацитетот за рано идентификување и превенција на употребата на дроги кај учениците.

    „Кога мал број на стручни соработници покриваат голем број на ученици, работата се намалува и интервенцијата се спроведува откако ќе се појави проблемот, а не како превенција. Ова го ограничува индивидуалното советување, работата со родителите и развојот на одржливи превентивни програми. Исто така, недостасува социјална анализа на ризик факторите во и надвор од училиштето. Како резултат на тоа менаџирањето на случаите останува фрагментизирано, а училиштето реагира со задоцнување“, рече Исмаили.

    Фото: Сатки Исмаили, наставник. Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

    Министерството за образование и наука се правда

    И покрај состојбата и континуираните барања од училиштата и општините, Министерството за образование и наука продолжува да се правда и да не дава конкретен одговор зошто не одобрува нови вработувања.

    Од Министерството за образование и наука велат дека за утврдување на потребниот број на стручни соработници во јавните средни училишта како критериум се зема бројот на ученици во училиштето, односно:

    • До 500 ученици, најмногу 3 (три) стручни соработници;
    • До 1000 ученици, најмногу 5 (пет) стручни соработници;
    • Над 1000 ученици, најмногу 7 (седум) стручни соработници.
    фото: Мета.мк

    Според министерството, состојбата во Тетово и Гостивар е следнава:

    Тетово:

    • Гимназија „Кирил Пејчиновиќ” – 2 (стручни соработници) за 1.377 ученици,
    • Гимназија „7 Maрт” – 1 за 388 ученици,
    • Медицинско училиште „Никола Штејн” – 4 за 2.178 ученици,
    • Економско училиште „8 Септември” – 3 за 1.109 ученици,
    • Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески” – 4 за 407 ученици.

    Гостивар:

    • Гимназија „Гостивар” – 4 (стручни соработници) за 850 ученици,
    • Текстилно училиште „Гостивар” – 5 за 1.029 ученици,
    • Економско училиште „Гостивар” – 1.191 ученици
    • Медицинско училиште „Гостивар” – 2.778 ученици

    Од Министерството нагласуваат дека во Гостивар и Тетово потребно е да се направи прераспределба на дел од стручните соработници вработени во средните училишта, со цел да се овозможи оптимално функционирање на стручните служби, надлежност која, според Министерството за образование и наука, им припаѓа на локалните самоуправи.

    „Министерството за образование и наука е посветено и ќе продолжи да вложува напори за зајакнување на стручните служби во сите училишта во земјата“, соопштија од Министерството за образование и наука.

    Но, и покрај оваа изјава, училиштата и општините изјавуваат дека реалноста на терен е поинаква и дека Министерството за образование не ги прифаќа нивните барања.

    Продолжува…

    Previous ArticleЧетворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро
    Next Article Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Поврзани вести

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026

    Хозе Карерас заедно со македонски ѕвезди ќе настапи на плоштадот Македонија

    27/05/2026

    Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза, лани во земјава регистрирани нови 115 пациенти

    27/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.