Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово

    Андоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово
    Македонија

    Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово

    07/06/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Речиси три години Јавното обвинителство на Северна Македонија ја држи во фиока, без епилог, втората истрага за пожарот во тетовската модуларна болница каде што животот го загубија 14 лица. И покрај ветувањата за целосно расветлување на случајот, до денес нема ниту одлука ниту обвинение, обвинителството постојано молчи или одговара со истиот рефрен дека истрагата продолжува, пишува
    Порталб.мк. 

    И покрај тоа што поминаа речиси три години откако од Јавното обвинителство на РСМ во август 2023 година соопштија дека се води втора истрага од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, сè уште нема одлука и не е поднесено обвинение.

    Од Јавното обвинителство не кажуваат во која фаза е овој случај и кога се очекува одлука, и постојано се правдаат дека се истражува.

    Откако виновниците за пожарот во Модуларната болница во Тетово не беа изведени пред лицето на правдата и немаше судење за причините за пожарот, Ибин Емши, кој ги загуби таткото и братот, на 1 декември 2025, Емши како државјанин на Италија поднесе пријава
    за убиство во Полициската станица во Вербано Кусио Осола во Италија за пожарот во модуларната болница. Покрај пријавата во полиција, Емши поднел и барање овој случај да се третира и од Народниот правобранител – Регионален совет во Пеимонте, Италија.

    Тој очекува случајот да биде истражен на меѓународно ниво и да стигне до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

    Порталб.мк контактираше со двете горенаведени италијански институции за тоа како ќе се продолжи со овој случај, но одговор не добивме.
    Потсетуваме дека во мај 2025 година Судот во Тетово ја објави одлуката  за повторно судење за овој случај која не беше поврзана со причините за пожарот, каде што поранешниот медицински директор на тетовската болница, Флорин Бесими и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична казна од 1 милион денари.

    За разлика од првата пресуда,  кога казната беше исто така 1 година и шест месеци  условна казна затвор, овој пат казната не е условна.

    На обвинетите не им се судеше за причините за пожарот, туку за други кривични дела, за непоставување на противпожарни апарати. Обвинитекството поднесе обвинение за непоставувањето на противпожарните апарати, но не и за причините на пожарот.

    Бесими и Етеми беа прогласени за виновни за кривичното дело „Тешки кривични дела против јавната безбедност“, а ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласена за виновна за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.

    Случајот се врати на повторно судење откако Апелациониот суд во Гостивар врати дел од предметот во Основниот суд во Тетово.

    По одлуката на повторното судење, обвинетите поднесоа жалба, но Апелациониот суд во Гостивар не ги прифати жалбите на директорите на Тетовската болница кои беа осудени на 1 и пол година затвор за пожарот во модуларната болница. Наместо тоа, Апелациониот
    суд им ги зголеми казните на три години затвор, со што ја прифати жалбата на Обвинителството и семејствата на жртвите. И казната за Тетовската болница беше зголемена за 300 илјади денари.

    Зошто дојде до повторно судење?

    По првото судење во Судот во Тетово, кое заврши во јуни 2023 година, на кое на обвинети беа поранешниот медицински директор на тетовската болница и поранешниот економски директор, лекарот одговорен за „Ковид“ центарот и тетовската болница, Апелациониот
    суд во Гостивар во мај 2024 година одлучил да ја врати од почеток постапката против директорите, бидејќи првата пресуда била нејасна.
    Обвинителството побарало на директорите да им се дадат построги казни, а ослободителната пресуда за докторот Бобан Вучевски да се укине и предметот да се врати на повторно судење.

    На повторно судење се врати дел од предметот против двајцата поранешни директори на тетовската болница. А, ослободителната пресуда за лекарот Бобан Вучевски ја потврди и Апелациониот суд во Гостивар.

    Од Апелациониот суд во пресудата потенцирале дека Судот во Тетово „не постапил со соодветно внимание за да може со сигурност да ги докаже сите релевантни правни факти“.

    „Пресудата е нејасна, неразбирлива и несоодветна за разгледување“, се вели во пресудата на Апелациониот суд.

    Документарецот на ИРЛ ги извади на површина „нечистотиите“ 

    Документарниот филм „Убиство во Тетово“, кој ИРЛ го објави во  август 2023  година, укажува на низа пропусти при изградбата на модуларната болница што доведоа до пожарот, иако властите се обидоа да го опишат како несреќен случај предизвикан од спој во продолжниот кабел. Пропусти се констатирани и во техничката спецификација, во изградбата, но и во истрагата. Наместо како објект, болницата е евидентирана како урбана опрема, за што нема потреба да се почитува законот за градба.

    Што се случи?

    На 08.09.2021 година, во тетовската модуларна болница каде што се лекуваа пациенти со Ковид-19 избувна  страшен пожар  и со себе однесе 14 животи, на пациенти но и на членови на семејствата кои беа внатре. Уште 14 лица беа спасени пред зградата целосно
    да изгори. Причината за пожарот се припишува на изгорен кабел, при што пожарот предизвикан од искрите при спојот се проширил со огромна брзина и за неколку минути целата болница била зафатена од пламени.

    Поради недостатокот на правда за пожарот во модуларната зграда, членовите на семејствата и граѓаните организираа неколку протести на кои што бараада се поведе судска постапка во врска со причините за пожарот.

    Previous ArticleАндоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци
    Next Article Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    Поврзани вести

    Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    07/06/2026

    Новиот филм на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ имаше светска премиера во Њујорк на филмскиот Трибека фестивал

    05/06/2026

    Македонија со 174 гласа избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН

    05/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од задутре „Виз ер“ ќе лета од Катовице до Охрид

    Три години без епилог: Обвинителството ја чува во фиока втората истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово

    Андоновски: Уште еден чекор во дигитализацијата, СМАРТ лиценци

    Нереални сцени во Америка: 20.000 навивачи го пеат легендарниот хит на Халид Бешлиќ (ВИДЕО)

    НАЈЧИТАНИ

    Реконструкција на кров на ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево

    01/06/2026

    ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ПЕХЧЕВО

    04/06/2026

    Медиумите ги објавија имињата на млекарите кај кои АХВ откри сериозни отстапувања – пронајдени само 1 отсто

    01/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.