Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Во мај измерени едни од најниските температури за овој период во последните 70 години
    Македонија

    Во мај измерени едни од најниските температури за овој период во последните 70 години

    17/06/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Минималните температури на воздухот на почетокот на месец мај биле едни од најниските измерени во земјава во последните 70 години. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, апсолутната минимална температура за мај беше надмината на метеоролошките станици во Берово, Крива Паланка, Штип, Демир Капија и Охрид, а најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 4 Мај и изнесува минус 4.6 Целзиусови степени.

    Минатиот месец на глобално ниво, според Службата за климатски промени Коперник (C3S) на Европската унија, бил втор најтопол мај во историјата, бидејќи климатските промени и временскиот модел Ел Нињо придонесоа за зголемување на просечните температури на копното и морето. Според нивните податоци најтопол мај досега е забележан во 2024 година, во евиденции што датираат од 1940 година, а просечната глобална температура минатиот месец била 1,42 степени Целзиусови над просекот во прединдустриските времиња од 19 век.

    Но, рангирањето за Европа покажува дека ова е седми најтопол мај за континентот, а во Македонија анализите на влијанијата на климатските промени на температурите покажуваат слични резултати.

    „Месецот мај во Македонија се одликуваше со изразени температурни осцилации, од постудени и дождливи денови во почетокот на месецот, до топли и сончеви услови кон крајот. Оваа комбинација е типична за пролетните месеци, но годинава беше поизразена поради влијанието на климатските фактори и регионалната нестабилност, како и локалните услови кои дополнително придонесоа овој мај да остане под просекот во однос на повеќегодишните климатски нормали“, велат од УХМР.

    Минималните температури на воздухот регистрирани на автоматските метеоролошки станици од Националната метеоролошка мрежа на УХМР во периодот од 1 до 4 мај, на повеќето главни станици ги надминаа досегашните историски апсолутни минимални температури измерени во месец мај за периодот 1950–2026, а причина за тоа е продорот на постуден воздух од север. Во втората декада од месецот имаше просечни температури и врнежи, а кон крајот на месецот започна постепено зголемување на температурите на воздухот, но тоа не беше доволно за да се достигнат повеќегодишните просечни вредности.

    Средномесечната температура на воздухот во месец мај беше надмината само во Скопје, со 17.9 степени, а највисоката максимална температура беше измерена на 28 Мај во Демир Капија и изнесуваше 33.8 степени. Анализата на средномесечните температури во месец мај во последните десет години за Скопје покажува дека најтопли во триесетгодишниот просек биле 2018 и 2022 година со температури повисоки за плус два степени, односно од плус 1,4 Целзиусови степени.

    За разлика од овие години, велат од УХМР, годинава надминувањето на средномесечната темпеаратура во мај е само 0,2 степени. Летото, пак, со голема веројатност ќе биде уште едно во низата натпросечно топли, но и посушни од многугодишните просечни вредности, велат од УХМР.

    Според анализите, во текот следните месеци се очекува температурите да достигнат надпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. Надминувањето на просечните температури може да достигне и до 3 Целзиусови степени речиси на целата територија на Македонија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во месец јули, а вкупните сезонски врнежи генерално да бидат пониски од повеќегодишниот просек во повеќето делови од земјата.

    „Земајќи ги предвид досегашните анализи, климатските промени дополнително го засилуваат влијанието на условите на Ел Нињо, со што се зголемува веројатноста за појава на екстремни временски настани како топлотни бранови, суши и пожари. Од друга страна, долготрајните периоди без врнежи создаваат услови за појава на екстремни поројни дождови и поплави, што ја нагласува комплексноста и непредвидливоста на климатските ризици“, вели Александра Стевков, раководител на одделението за климатологија и климатски промени.

    Многугодишниот просек од 1991 до 2020 година, за температурите на воздухот во летната сезона изнесува околу 16 степени во планинските предели до 26.1 степени измерени во Гевгелија, додека просечните врнежи во летниот период најмногу достигнуваат во источниот дел, околу 170 милиметри. Во Скопје, просечните темперттури за јуни, јули и август исе движат меѓу 22,2 и 24,7  степени, а врнежите од 34 до 47 милиметри.

    Previous ArticleВлен: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
    Next Article Муцунски денеска во работна посета на Даблин, Ирска

    Поврзани вести

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    17/06/2026

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    17/06/2026

    Врнежи сè помалку, ризикот од суша најголем во Скопската и Штипската котлина и Овчеполието

    17/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Врнежи сè помалку, ризикот од суша најголем во Скопската и Штипската котлина и Овчеполието

    НАЈЧИТАНИ

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    17/06/2026

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    17/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.