Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема
    Македонија

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    27/06/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пациентите со рак на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe се соочуваат со долги чекања кои траат со часови за да ја добијат потребната терапија. Зголемувањето на бројот на пациенти, концентрацијата на услугите само во Скопјe и недостатокот на децентрализација создале едно постојано преоптоварување, дополнително влошувајќи ја состојбата на лицата кои се борат со сериозни болести. Засега нема конкретно решение, пишува Порталб.мк.

    Чекање и до „12 часа“ за примање на терапијата

    Хаос, долги редици и чекање со часови. Ова е секојдневната реалност на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe.
    Уште од раните утрински часови ходниците се полни со пациенти кои чекаат за да ја примат својата терапија, а многумина од нив се принудени да го поминат речиси целиот ден чекајќи.

    Пациенти од целата земја патуваат до главниот град со надеж дека ќе бидат услужени побрзо, но честопати чекаат со часови.
    Една пациентка што ја сретнавме пред Клиниката за радиотерапија и онкологија за Порталб.мк изјави дека и се случило да чека и до 12 часа за да ја прими терапијата.

    Таа рече дека доаѓа во 6 часот за прва да ја остави својата книшка на шалтерот, за да дојде прва на ред и да добие бројче.

    „Ние сме пациенти, не знам како лекарите и јавноста ќе ја сватат оваа ситуација, но ситуацијата е многу тешка за нас. Што се однесува до лекарите, секој има свој метод на лекување. Ги разбираме лекарите, бидејќи преголемото оптоварување го прави своето, но главниот проблем не се лекарите, туку системот и недостатокот на соодветна организација“, рече таа.

    Таа објасни дека доаѓа од место далеку од главниот град и дека често имаат проблеми со превозот.

    „Радиотерапијата се прави само во Скопје. Би било добро да се отворат уште два центри: еден во Источна Македонија, а другиот во Западна Македонија, за да се среди хаосот“, рече таа.

    Бројот на пациенти расте

    Обемот на работа на Клиниката за радиотерапија и онкологија од година во година се зголемува. Според податоците ракот на дојка останува најраспространетата форма на болеста. Овој континуиран раст директно се одразува на бројот на пациенти кои се обраќаат за
    лекување и терапија во клиниката.

    ЕЗРА: Здравствениот систем во колапс

    Љиридона Беќири, извршна директорка на здружението „ЕЗРА“, кое ги поддржува пациентите со рак, смета дека граѓаните не се соочуваат само со доцнења, туку се соочуваат со лошо организиран хаос, во кој што недостасуваат термини, информациите се нејасни, а времето на пациентот се третира како безвредно.

    Љиридона Беќири. Фото, лична архива

    „Хаосот од долгите чекања во радиологија не е само организациски проблем, тоа е директен неуспех на приоритетите во здравството. Неприфатливо е дијагностичките служби да се заложници на недостаток на планирање, недостаток на кадар и систем кој реагира со задоцнување, наместо да превенира навреме“, рече Беќири.

    Таа нагласува дека Владата и Министерството за здравство имаат обврска да гарантираат брз и достоинствен пристап до дијагностика, поаѓајќи од фактот дека радиологијата е првата врата за опстанок.

    „И кога оваа врата се блокира од долги чекања, системот не е само бавен, туку е во колапс. Нашиот здравствен систем покажува јасни знаци на колапс во неговите највитални алки, а радиологијата најсилно ја отсликува оваа состојба“, рече таа.

    Ревизијата побара децентрализација на услугите

    И Државниот завод за ревизија констатираше потреба Министерството за здравство да ангажира повеќе капацитети во јавните здравствени установи кои имаат услови за третман на онколошки пациенти. Според ревизорите, децентрализацијата на услугите би можела да ги намали чекањата, особено за пациентите надвор од Скопје, и би го намалила притисокот врз Клиниката за онкологија.

    Над пет илјади нови пациенти само во текот на минатата година

    Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, за Порталб.мк изјави дека само во текот на 2025 година се регистрирани околу 5.500 нови онколошки пациенти кои примаат терапија.

    „Во рамките на Клиниката секоја година се реализираат околу 38.000 до 39.000 апликации на системска онколошка терапија на дневна основа, вклучувајќи хемотерапија, таргетирана (целна) терапија, имунотерапија и придружна терапија, како и други придружни лекови како бисфосфонати. Клиниката исто така реализира и значителен број процедури за радиотерапија“, изјави Стојковски.

    Тој, меѓу другото, истакна дека секој работен ден се вршат околу 10 до 15 КТ-симулации за планирање на радиотерапија, односно околу 3.000 годишно, а во областа на радиотерапијата на три линеарни акцелератори се реализираат околу 180 фракции радиотерапија дневно, што изнесува околу 45.000 фракции годишно.

    „Преку системот ‘афтерлодер’ за брахитерапија со висока доза (ХДР) се реализираат во просек околу 3 процедури по работен ден, или околу 750 годишно“, рече Стојковски.

    Министерството вети децентрализација

    Министерот за здравство, Азир Алиу, за Порталб.мк изјави дека Министерството работи на децентрализација на дистрибуцијата на терапијата, со цел терапијата да не се нуди само во Скопје.

    Според него, освен на Клиниката за онкологија во главниот град, се планира терапијата да се нуди и во Тетово, Битола и во Клиничката болница „8 Септември“.

    „Во Тетово веќе сме во финална фаза и ни недостига уште само еден апарат за да ги комплетираме сите потребни средства за реализација на давањето на терапијата. Истото планираме да го направиме и во Битола, каде во моментов условите се најповолни, но таму имаме недостиг од медицински кадар“, изјави Алиу.

    Скринингот сè уште без очекуваните резултати

    Во меѓувреме, Државниот завод за ревизија констатираше дека Програмата за рано откривање на малигните заболувања не ги дава очекуваните резултати, иако во 2023 година се потрошени 22,9 милиони денари за активности за скрининг.

    Експертите и натаму ја нагласуваат важноста на редовните прегледи, особено за ракот на дојка, чиј број на случаи бележи континуиран пораст во земјата.

    Previous ArticleВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите
    Next Article Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    Поврзани вести

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    27/06/2026

    Еко-активисти бараат итна заштита на Кожуф, Дошница и на биодиверзитетот

    27/06/2026

    Поради високите температури избегнувајте престој на отворено од 11 до 17 часот

    27/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитриевски за владината реконструкција: До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса

    Секој граѓанин преку „Мој Термин“ ќе може да се изјасни дали сака да е органодарител

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и ДУИ не им е јасно дека реформите се за граѓаните, а не за партиите

    НАЈЧИТАНИ

    Фестивал на Дувачки Оркестри – Пехчево 2026 🎙🎺🎷

    23/06/2026

    Претставници на Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија ја посетија Општина Пехчево

    26/06/2026

    Мицкоски смета дека безбедноста на неговото семејство е загрозена со објава на дипломатска нота

    23/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.