Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.
Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација.
Бесправно се изградени и 164 огради (18%), 116 деловни објекти (12.7%), 113 натстрешници (12.4%), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1%), 106 помошни објекти (11.6%), 79 гаражи (8.7%), 22 летни тераси (2.4%), 17 времени објекти (1.9%) 9 скалила (1%) и 6 тераси (0.7%).
Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост.
Разликата во 2024 година
Во 2024 година биле регистрирани 757 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи
(6.5 %), 147 огради (19.4 %), 8 скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %).
Разликата во 2023 година
Во 2023 година регистрирани се 780 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, од вкупниот број бесправно изградени објекти, 172 објекти се за домување1) (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2 %), 63 настрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %).
