Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»На тендер се бара фирма што ќе го дочисти линданот од малата депонија во ОХИС
    Македонија

    На тендер се бара фирма што ќе го дочисти линданот од малата депонија во ОХИС

    05/07/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На тендер се бара фирма што ќе го дочисти остатокот од линдан во малата депонија во ОХИС. Се работи за дел од третиот, како и четвртиот и петтиот базен на депонијата, во кои се уште стои опасниот отпад. Тендерот следува откако минатата година во декември Владата најави дека ќе обезбеди 12 милиони евра за чистење на историскиот отпад, што повеќе од четири децении му се заканува на Скопје. Парите ќе се распределат во три години за целосно расчистување и ремедијација на една од трите депонии од некогашната хемиска фабрика.

    Досега, од почетокот на проектот во 2021 година, од малата депонија се ископани и уништени 1.969 тони линдан и 586 тони контаминирана почва. За целосна санација на локацијата преостануваат приближно 916 тони ХЦХ отпад, 2.191 тон контаминирана почва, 1.121 тон контаминиран бетон, како и околу 70 тони почва контаминирана со жива.

    Од Министерството за животна средина информираат дека на средината на мај Канцеларијата на ОН, УНОПС објави меѓународен тендер за избор на изведувач за финалната фаза од санацијата делта ХЦХ депонијата во ОХИС.

    „Рокот за доставување на понуди е 7 јули, по што ќе следи нивна евалуација согласно процедурите и критериумите на УНОПС. По завршување на тендерската постапка и потпишување на договорот, ќе започнат подготвителните активности на терен, а според тековната временска рамка, почетокот на санацијата се очекува во септември“, информираат од Министерството.

    Од таму посочуваат дека компанијата која ќе биде избрана да ја дочисти депонијата со Планот за санација и важечките национални и меѓународни стандарди за управување со опасен отпад ќе треба да го дефинира и третманот за конечно отстранување на живата, која беше откриена во базените со линдан и е дел од некогашното работење на хемискиот капацитет. Во моментот, велат од Министерството, таа е безбедно спакувана и привремено складирана во еден од веќе исчистените базени на малата депонија, каде ќе остане додека не се донесе конечната одлука за нејзиниот понатамошен третман и конечно отстранување.

    Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан. Покрај овие две, закопан линдан има и во месноста Пеленица кај Драчево каде лежат околу 40.000 тони чист HCH и уште 6.500 тони мешан, заедно со отпад од фабрика за стакло. Од Министерството велат дека во рамки на проектот „Национален фонд за животна средина“, кој го спроведува УНОПС во соработка со Генералниот секретаријат на Владата, предвидено е спроведување детални теренски истражувања на големата депонија контаминирана со алфа и бета ХЦХ отпад.

    „Целта на овие истражувања е да се добијат прецизни податоци за количините на HCH отпад и контаминирана почва што се наоѓаат на оваа локација. Добиените резултати ќе претставуваат основа за подготовка и планирање на идните активности за целосна санација на големата депонија“, велат од Министерството.

    Депониите со опасен отпад се резултат на работењето на погонот за линдан, што во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје. Во ОХИС до неодамна беа складирани и 64 тони на десетици други опасни хемикалии, кои за две години, во вкупно седум извози на хемиски отпад, беа извезени на уништување во повеќе држави.

    Влијанието на линданот и неговите изомери врз животната средина и здравјето на луѓето е огромно. Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.

    Тој е перзистентна хемикалија која долг временски период не се распаѓа во животната средина. Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките.

    Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

    Линданот е вклучен во Стокхолмската конвенција во 2009 година кога е класифициран во група А, супстанца која мора да се елиминира и да престане да се произведува. Македонија конвенцијата ја потпиша на 23 мај 2001 година, а на 19 март 2004 година таа беше ратификувана во Собранието на Република Македонија.

    Previous ArticleФламинго револуција: Нов масовен протест во Тирана со барање за оставка на Еди Рама
    Next Article Мицкоски во Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.