Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Фекалии и отпадни води го загадуваат Охридското Езеро, но е безбедно за капење
    Македонија

    Фекалии и отпадни води го загадуваат Охридското Езеро, но е безбедно за капење

    16/07/20267 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Голем дел од хотелите и угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на охридското крајбрежје, заедно со приватните куќи кај Сараиште, Канео, црквата Св. Софија, но и куќите долж целиот брег како и селските населби Трпејца, Љубаништа и Радожда, се потенцијални или директни загадувачи на Охридското Езеро, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кој и годинава објави Извештај за проценката на квалитетот и безбедноста на површинските води за капење.

    Како што е веќе познато од претходните извештаи на ИЈЗ, а за кои Мета пишуваше, за заштита на езерото изграден е колекторски систем кој ги собира отпадните води од градовите Охрид и Струга, кои потоа се пречистуваат во пречистителната станица во с. Враништа, но, согласно постојните информации од извршените теренски санитарно-хигиенски увиди од страна на ЦЈЗ Охрид, сè уште перзистираат објектите од последните години кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи.

    „Тоа се хотелско – угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на Охридското крајбрежје од хотел Десарет до Св. Наум, хотелско – угостителските објекти и туристичките населби од Струга до с. Радожда. Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол” преку колекторскиот систем од с. Радолишта, Хотел Бисер и с. Калишта. Потоа, приватните куќи сместени на брегот од Охридското Езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до приобалниот дел на населба Канео. Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за диспозиција на комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или, бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата, понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото“, потенцирано е во извештајот, во кој се додава дека загадувачи се и шанковите поставени на самиот брег на езерото, односно на самите плажи.

    Кај Св. Наум дробилка за фекалии има, но нема филтри ниту хлорирање на фекалните води 

    Како што информира ИЈЗ, загадувачи се и испустните цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат во езерото, во кои, како што е наведено, намерно или ненамерно се приклучени испусти за отпадни фекални води од страна на колективните станбени згради и приватни куќи. Потоа, како загадувачи на езерото се наведени и базени за капење во склоп на угостителските објекти или како Градски базен.

    „Хотел „Св. Наум”, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во Св. Наум се приклучени на локален канализационен систем кој е изграден е 2013 година. Канализациониот систем на Свети Наум не функционира односно третманот на отпадните фекални води не е комплетен затоа што постои само дробилка за фекалиите, но не постојат филтри и не се врши хлорирање на отпадната фекална вода пред испуст во езерото, што претставува директен загадувач на езерото. Во автокамповите Љубаништа, Ливадишта и Градиште – принципот на работа на путекс-постројките се состои во механичко и хемиско пречистување (во автокамп Градиште) механичко, биолошко и хемиско пречистување (во камп Љубаништа), и во автокампот Ливадишта принципот на пречистување на отпадните води е механичко и биолошко. За да можат путекс-постројките правилно да функционираат потребно е редовно празнење на коморите на три, шест или најкасно на дванаесет месеци, како и нивно редовно механичко чистење, миење и дезинфекција“, наведено е во извештајот.

    Анализите направени во мај и во јуни покажале дека е безбедно капењето во езерото  

    По извршените теренски увиди и добиените лабораториски анализи на примероците површинска вода од Охридското езеро, и стручното мислење водата од Охридското Езеро земена во период од 20.5.2026 година до 24.6.2026 година ги исполнува законските барања во однос на физичко–хемиската анализа и истата се класифицира во I класа, пишува во извештајот.

    „Ова е така освен во мерно место Грашница (плажа), од испуст на атмосферска вода, каде површинската вода е оценета во III класа. Во однос на микробиолошките параметри, во најголем дел од примероците површинска вода се класифицираат како „Одлична”, освен на мерните места хотел „Ројал“ (плажа), Лабино (плажа) и канал Студенчишта, каде површинската вода е класифицирана како „Добра”, додека на мерно место Грашница (плажа) – од испуст на атмосферска вода примерокот површинска вода не ги исполнува микробиолошките критериуми за квалитет на поединечен примерок за оцена „одлична“ ниту за оцена „добра““, наведено е во извештајот.

    Плажа Сараиште, Охрид, 12 јули 2026 година | Фото: Мета.мк

    Надлежните да создадат функционален колекторски систем 

    Во однос на препораките од ИЈЗ за подобрување на состојбите, неопходно е целосно функционален колекторски систем кој ќе ги опфати сите објекти долж крајбрежјето – хотели, угостителски објекти, приватни куќи, станбени објекти и населени места од Свети Наум до Радожда.

    „Потребно е итно отстранување на дефектите во постојниот систем, спречување на мешање на фекалната и атмосферската канализација, како и обезбедување непрекинато функционирање на пумпните станици за да се избегнат директни испусти на отпадни води во езерото при обилни врнежи. Се препорачува редовно одржување и чистење на локалните системи за пречистување во автокамповите, контрола и санација на потенцијалните извори на загадување од реките што се влеваат во езерото, како и спречување на директно испуштање на отпадни води од домаќинства и угостителски објекти. ЦЈЗ Охрид ќе продолжи со редовен мониторинг на квалитетот на водата на плажите, со цел навремено откривање на ризици и обезбедување безбедни услови за капење согласно националните и европските стандарди“, пишува во препораките.

    Нема загадувачи на Преспанското езеро 

    Одгворните во ИЈЗ зеле примероци за испитување и на водата во Преспанското езеро. Земени биле примероци на површинска вода за бактериолошка и физичко-хемиска анализа од 6 мерни места и тоа плажа Стење, Отешево, Претор, Сливница, Крани и плажа Долно Дупени. Потенцијални загадувачи не се забележуваат, пишува во извештајот на ИЈЗ.

    „Плажата во Претор Ова е природна плажа, која што делумно е средена со убав, ситен песок. Видливо цветање на алги во водата не е присутно. Потенцијални извори на загадување не се забележуваат. Степенот на ризикот од загадување е низок. Видливо загадување не се приметува на плажата. На плажата нема систем за информирање за квалитетот на плажата. Исто така не постојат методи за предупредување во случај на опасност на плажата и водата. Отпадните води од сите објекти се собираат во сопствени попивни јами, само детското одморалиште „Мите Богоевски” има пречистителна станица која не работи. Отстранување на цврстиот отпад на дел од објектите е организирано, но повеќето го спалуваат, а во индивидуалните викендици отстранувањето на цврстиот отпад се решава индивидуално“, пишува во изветајот на ИЈЗ.

    Дојранското езеро го загадуваат пестициди, капачи и отпадни води од викенд населби 

    Како потенцијален загадувач на водите на Дојранско Езеро се идентификувани земјоделството, со оглед на тоа дека во непосредна близина на езерото се наоѓаат обработливи земјоделски површини, а за одгледување на земјоделски култури кои се третираат со пестициди и вештачки ѓубрива, кои со полевање, со атмосферски и подземни водотеци, ги загадуваат водите на акумулацијата.

    „Загадувачи се и домаќинствата од руралните и викенд населби каде цврстиот и течен отпад (комунални отпадни води), не се одлага согласно санитарно-хигиенски норми, како и граѓаните кои се рекреираат на бреговите на езерото. За подобрување и долгорочна заштита на здравствената безбедност и еколошката состојба на Дојранското Езеро потребен е координиран пристап преку заеднички активности од македонска и грчка страна, со цел идентификување на изворите на загадување и спроведување мерки за интегрална заштита на езерскиот екосистем. Неопходно е воспоставување континуиран мониторинг на квалитетот на водата кој ќе опфаќа физичко-хемиски, микробиолошки и биолошки параметри, вклучително и следење на присуството на пестициди и тешки метали. Резултатите од анализите треба редовно да се објавуваат за навремено информирање на јавноста. Посебно внимание треба да се посвети на влијанието од земјоделските активности во сливното подрачје на езерото, преку едукација на земјоделците, промовирање на добри земјоделски практики, намалување на неконтролираната употреба на пестициди и ѓубрива и поттикнување на органско производство“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

    Previous ArticleНовинарите во Србија се соочуваат со рекордни напади, закани и притисоци врз слободата на медиумите
    Next Article Уставните измени не се гаранција дека нема да се појават нови пречки, уверена е претседателката на Македонија

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.