Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»ЕУ испрати 11 авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани десетици илјади луѓе
    Свет

    ЕУ испрати 11 авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани десетици илјади луѓе

    25/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Европската комисија активираше дел од својата противпожарна флота „rescEU“ за да им помогне на Франција и Шпанија во справувањето со големите шумски пожари што зафатија повеќе региони, објави Би-Би-Си.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека во Франција се распоредени пет авиони и два хеликоптери од флотата, додека уште четири авиони пристигнуваат во Шпанија во текот на денот.

    „Моите мисли се со пожарникарите кои храбро се борат со огнената стихија и со сите кои беа евакуирани“, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

    Во меѓувреме, претставникот на шпанската Влада во регионот на Мадрид, Франциско Мартин, изјави дека околу 70.000 лица се евакуирани поради пожарите во регионите Мадрид и Авила, додека на повеќе од 20.000 жители им е препорачано да останат во своите домови.

    Според Мартин, приоритет на властите останува спасувањето животи и обезбедувањето безбедна евакуација на населението. Тој нагласи дека засега нема пријавени човечки жртви, но предупреди дека во наредните часови може да бидат издадени дополнителни наредби и ги повика граѓаните строго да ги следат упатствата на надлежните служби.

    Шпанската државна метеоролошка агенција (Aemet) соопшти дека опасноста од пожари и понатаму е „многу висока“ во голем дел од земјата, додека во североисточните и источните региони ризикот останува на „екстремно“ ниво.

    Од агенцијата наведуваат дека состојбата е нешто подобрена во западните и централните делови на Шпанија во споредба со претходните денови, но предупредуваат дека временските услови и понатаму се поволни за брзо ширење на пожарите.

    Во Франција, според Министерството за внатрешни работи, поради шумските пожари досега се раселени речиси 200.000 луѓе. Само во текот на ноќта беа евакуирани скоро 60.000 жители од населбите во западните предградија на Бордо

    Previous ArticleДимитриевски: ЗНАМ вети дека ќе биде иницијатор на општествените промени во државата
    Next Article До 2029 година ќе биде изграден преминот што ќе го смени животот во Малешевијата

    Поврзани вести

    Белата куќа им забрани пристап на новинаритe од Си-Ен-Ен, Ем-Ес-Нау и Политико

    19/09/2026

    Во Русија се одржуваат првите парламентарни избори од почетокот на целосната воена инвазија на Украина

    19/09/2026

    Русија воведе мобилна супер-апликација за контрола на комуникациите на своите граѓани

    18/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.