Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Британска вечер на Охридско лето
    Култура

    Британска вечер на Охридско лето

    27/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“.

    Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна уметничка зрелост.

    Со внимателно избраната програма, Исата Кане-Мејсон ја покажа својата врвна пијанистичка техника и длабока музичка чувствителност.

    „За мене е вистинска чест што настапувам на фестивал со толку богата традиција и углед како „Охридско лето“. Среќна сум што имав можност преку музиката да ја споделам оваа вечер со публиката и се надевам дека таа ќе остане во убаво сеќавање за сите нас“, изјави Исата Кане-Мејсон, која денес важи за едно од најбараните имиња на светската пијанистичка сцена, со настапи во најреномираните концертни сали.

    Со нејзиниот настап, традиционалната „Британска вечер“ уште еднаш го оправда своето место во програмата на фестивалот, нудејќи ѝ на публиката незаборавно музичко доживување и уште една вечер исполнета со врвна уметност.

    Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка меѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, им врачи фестивалски плакети на Неговата Екселенција Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, и на Клер Сирс Вуд, директор за Западен Балкан при Британскиот совет.

    Заблагодарувајќи се за долгогодишната поддршка и успешната соработка, Цуцковски истакна дека Британската вечер е еден од најзначајните програмски сегменти на фестивалот и претставува симбол на пријателството, меѓусебната доверба и заедничката заложба за промоција на врвните културни вредности.

    Previous ArticleСДСМ му врати на Димитриевски, време е граѓаните да ја испорачаат сметката за предавството на партијата
    Next Article Почина еден од најпознатите актери, Гоце Тодоровски

    Поврзани вести

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Почнува 47. издание на „Браќа Манаки“, фестивалот го отвора филмот на Дина Дума

    18/09/2026

    Македонскиот филм во фокусот на „Tirana International Film Festival 2026“

    18/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.