Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»(Видео) Светска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“ во Олденбург
    Култура

    (Видео) Светска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“ во Олденбург

    23/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург.

    Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 20 септември 2026 година и повеќе од три децении претставува една од најзначајните европски платформи за независна кинематографија. Во меѓународните филмски кругови е познат како „Европскиот Санденс“, додека The Hollywood Reporter го опишува како водечки германски фестивал на независниот филм и едно од задолжителните места на европската фестивалска сцена. Трејлер

    „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени. Приказната следи двајца новинари вовлечени во свет на корупција, злоупотреба на моќта, политичка хипокризија и скандали, во кој секој обид да се открие вистината носи нови морални дилеми и лични последици.

    Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Директор на фотографија е Дејан Димески.

    Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“.

    Според режисерот Јаниќијевиќ, едно од централните прашања што ги отвора филмот е колку е можно човек да остане „чист“ во средина во која вистината постојано се приспособува на интересите на моќниците. Сценаристот Сашо Кокаланов нагласува дека филмот не претендира да биде целосна слика на македонското новинарство, туку преку конкретна приказна отвора пошироки прашања за медиумите, политиката и општеството.

    Изборот во официјалната конкуренција на Олденбург му овозможува на филмот своето меѓународно патување да го започне на фестивал препознатлив по поддршката на бескомпромисни авторски гласови, независни продукции и дебитантски остварувања.

    Previous ArticleАктерската легенда (95) и неговата ќерка го победија ракот: Заедно ја добија најтешката битка
    Next Article Неочекувани можности и нов почеток: Два хороскопски знака ќе „цветаат“ во август

    Поврзани вести

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    24/08/2026

    Кинотеката во септември: Филмот како историја и отворена културна територија

    24/08/2026

    „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во трка за главната награда на Сараевскиот филмски фестивал, „Мала Југославија“ освои награда

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Николоски: Над 5,6 милиони евра инвестираме во капитални проекти во Струга

    Делегација од македонското Собрание во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.