СДСМ треба да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, а не да шири дезинформации, одговори владеачката ВМРО ДПМНЕ на обвинувањата на опозицијата дека институциите молчеле додека илјадници луѓе завршија во болница со симптоми на труење.
Од владеачката партија посочуваат дека СДСМ во своите дневнополитички настапи пласира неточни и непрецизни информации, користи застарени извештаи и се обидува да создаде чувство на несигурност и паника кај граѓаните, иако, велат дека, состојбата во рекорден рок се стабилизира.
„Ова не е првпат СДСМ да биде демантирана со официјални факти. Сепак, продолжува со ширење лаги и дезинформации, со цел да создаде неоснована загриженост кај јавноста.олитички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Наместо да се занимаваат со спинување на информациите и ширење на паника, треба да побараат одговорност од Валбон Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари штитат градоначалник од нивни редови, кој нема никаков морален компас и кој не се смета за виновен за ситуацијата во Гостивар“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Опозициската партија денеска информираше дека вчера биле регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми на труење, а едно дете е хоспитализирано во болница. Посочуваат дека бројката на заболени е над 4.000 граѓани, а додека водата била загадена со фекалии, институциите молчеле.
„Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате? Симптомите почнале на 14 јули, а епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници“, велат од СДСМ.
Од Владата вчер анајавија дека се преземаат мерки за целосно стабилизирање во Гостивар, а деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода.
