Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Платформата на граѓански организации бара повлекување на законот за „Скопје Европска престолнина на културата 2028“
    Македонија

    Платформата на граѓански организации бара повлекување на законот за „Скопје Европска престолнина на културата 2028“

    29/07/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници.

    Со предложениот Закон се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се применува Законот за јавните набавки.

    Платформата смета дека Фондацијата, која ќе биде основана од Град Скопје и финансирана од буџетот, а и од пари од Европската Унија, е правно лице кое по сите основи треба да има статус на договорен орган кој мора да ги применува одредбите од Законот за јавните набавки.

    Исклучувањето на идната Фондација како договорен орган од обврската да го почитува Законот за јавни набавки создава нееднаквост на институциите пред законот. Платформата го препознава исклучителното културно и општествено значење на проектот и потребата тој да биде навремено и успешно реализиран.

    Значењето и обемот на проектот, како и значителните јавни средства што ќе бидат употребени за неговото спроведување, бараат повисоко, а не пониско ниво на транспарентност, отчетност и заштита од корупција.

    Оттука, загрижува што во Предлог- Законот не се предвидуваат само тесни исклучоци за уникатни авторски или уметнички услуги, туку целосно се исклучува општиот систем на јавни набавки, вклучително и за стандардни стоки, услуги, опрема, инфраструктурни и градежни работи за кои постои ефективна пазарна конкуренција.

    Платформата предупредува дека усвојувањето на ваков закон создава преседан. Изземањето на еден субјект од Законот за јавните набавки со посебен закон воспоставува опасност со високи ризици од корупција која може да се повтори за секој иден проект прогласен за приоритетен.

    Иако Советот на Град Скопје ја основа Фондацијата како правно лице, градоначалникот е тој што ги именува и разрешува членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Фондацијата, а не Советот.

    Покрај широката дискреција што му е доделена на градоначалникот во процесот на именување и разрешување, за овие функции како и за функцијата директор, не се предвидени никакви минимални критериуми и стандарди што кандидатите треба да ги исполнуваат, ниту е пропишана ниту постапка за спроведување на изборот.

    Вака поставениот предлог закон не создава услови со кои се гарантира избор на стручни и професионални кадри што ќе управуваат со Фондацијата.Истовремено, Одборот на Фондацијата го усвојува планот за набавки, ги формира комисиите, одлучува за определени набавки и одлучува по приговорите на учесниците во постапките.

    Со тоа се концентрираат нормативните, управувачките и контролните овластувања во рамките на истата структура, без независна жалбена заштита и без гаранциите што ги обезбедува Законот за јавните набавки. Објавувањето на договорите и последователната ревизија се важни механизми, но не можат да ги заменат јавната конкуренција, однапред утврдените законски постапки и независната правна заштита.

    Предлогот е поднесен по скратена постапка, не е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи и за него не е спроведена антикорупциска проценка на регулативата. За пропис чија содржина е изземање од контролни механизми, отсуството на јавна расправа претставува дополнителен ризик.

    Оттука, Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието веднаш да го стопира донесување на овој Предлог-Закон и да го одбие неговото разгледување по скратена постапка.

    Предлагачите да го повлечат предлогот и да го достават на јавна консултација преку ЕНЕР, со спроведена процена на влијанието на регулативата и без одредби со кои се отстапува од Законот за јавните набавки.

    Исто така, Платформата ја повикува и Државната комисија за спречување на корупцијата да го разгледа Предлог-Законот од аспект на корупциските ризици и да достави мислење до јавноста и до Собранието.

    Previous ArticleДва модели на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ подготвиле и извеле сајбернапад
    Next Article Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.