Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Регион»На списокот на чекање има 30 стари лица, недостатокот на кадар им ги затвора вратите на Домот за стари во Куманово
    Регион

    На списокот на чекање има 30 стари лица, недостатокот на кадар им ги затвора вратите на Домот за стари во Куманово

    20/07/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

     Триесетина стари лица чекаат на ред за прием во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, но поради недостиг на кадар во установата, вратите за нив остануваат затворени. Недостигот од кадар го намалува и квалитетот на услугите за постојните жители, пишува Порталб.мк.

    Недостигот на кадар во оваа институција го оневозможува примањето на други стари лица, а обезбедувањето на услуги за оние кои актуелно се сместени во оваа институција останува предизвик.

    Вработените во институцијата потврдуваат дека недостатокот на кадар се чувствува секојдневно на работното место. Ханумша Бајрами, вработена во Домот за стари лица во Куманово, за Порталб.мк вели дека потребата од нови вработувања е очигледна и дека тоа ќе им ја олесни работата.

    „Тука се сместени околу 170 стари лица, а побарувачката е уште поголема, но толку е капацитетот што го имаме. Кадарот што го имаме не е доволен и имаме голем недостиг на кадар. Еден работник ја работи работата на двајца-тројца други работници. Тешко успеваме да ги исполниме сите обврски и ни треба повеќе кадар“, рече Бајрами.

    Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Александар Крстевски, за Порталб.мк потврди дека на листата на чекање има уште 30-тина лица, но поради недостиг на кадар не можат да примат други.

    „За да обезбедиме услуги со подобар квалитет, нормално дека треба да имаме повеќе персонал. Моментално имаме 33 вработени со договори на неопределено време и седум со договори на определено време. Недостатокот на кадар е една од главните пречки. За ова прашање разговаравме и со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, кој е запознаен со ситуацијата. Најголемиот проблем за нови вработувања се финансиите и се надеваме дека со ребалансот на буџетот ќе се создадат можности за прием на нови вработени“, рече Крстевски.

    Тој додаде дека за нормално функционирање на институцијата ѝ се потребни околу 68 вработени, а има 40.

    И покрај овие предизвици, дел од старите лица што живеат во овој дом за Порталб изјавија дека се задоволни од условите.

    Фото: Дом за стари лица „Зафир Сајто“, Куманово. Фото: Порталб.мк

    Во врска со барањата за нови вработувања, од Министерството за финансии не соопштија за  одобрување на нови работни места, но објаснија дека во текот на 2024 година се спроведени постапки за вработување за оваа институција.

    „Министерството за финансии испраќа известувања до буџетските корисници за спроведување на нови вработувања во согласност со законските одредби“, соопштија од Министерството за финансии.

    Според податоците од Министерството за труд и социјална политика во Северна Македонија постојат пет јавни установи (Скопје, Куманово, Прилеп, Битола и Берово) за стари лица, и 44 други приватни  установи кои овозможуваат сместување за стари лица.

    На пример, во Полошкиот регион имало проекти за домашна нега на стари лица, преку граѓанскиот сектор и Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Светската банка.

    Инаку, низ целата земја, бројот на резидентно население над 60 години е околу 440.000. Загрижувачка е и ниската стапка на фертилитет од 1,44 дете по жена, што покажува дека населението во РСМ континуирано старее и не се зголемува.

    Previous ArticleЗаседаваат собраниски комисии, тројца нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи, продолжува кризната состојба…
    Next Article Деветтото издание на Beach Film Festival од 22 до 26 јули во Охрид

    Поврзани вести

    Хрватска најавува построги казни за екоцид

    20/08/2026

    Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

    18/08/2026

    Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени

    15/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    (Видео) Вучиќ го угости Жан-Клод Ван Дам: „Изгубив во буткање со раце“

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.