Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Српска Демократска партија: Вучиќ ги злоупотребува Србите во регионот за да купи уште некој ден на власт
    Свет

    Српска Демократска партија: Вучиќ ги злоупотребува Србите во регионот за да купи уште некој ден на власт

    07/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Српската Демократска партија испрати соопштение во кое најостро го осудува вулгарниот и агресивен напад врз претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, објавен на, како што се наведува, порталот на Орбан со спонзорство од Алта банка, а потпишан од Регионалниот одбор Куманово на Српската заедница во Македонија.

    „Нема дилема дека станува збор за нарачан текст зад кој стои режимот на Александар Вучиќ. Под лажен изговор за заштита на Србите во Северна Македонија, се прави обид да се заштити неговиот сојузник Иван Стоилковиќ, а истовремено да се пресмета со Венко Филипче и СДСМ. Од очај, Вучиќ се обидува да се претстави како заштитник и незаменлив претставник на Србите во регионот, во момент кога сè повеќе земји и политички чинители во регионот го избегнуваат, а блискоста со него станува непријатност, срам и политичка штета. Затоа го прави единственото што знае: со пари, корупција и притисоци придобива поединечни политичари во регионот, кои потоа во негово име и со неговиот речник шират омраза, создаваат конфликти и ја нарушуваат положбата на српските заедници. Кога името на Србите се користи како покритие за простачки навреди, заплашување и пресметки со политичките противници на Вучиќ, цената на таквата политика не ја плаќа Вучиќ, туку токму Србите во регионот“, се наведува во соопштението.

    Како што се додава, претставувајќи се пред меѓународната заедница како човек кој наводно ги контролира и ги претставува Србите во целиот регион, Вучиќ се обидува да тргува со нивната положба и повторно да си создаде политичка употребна вредност, само за да купи уште некој ден на власт во Србија.

    „Во изминатите четиринаесет години, Србија беше најлош пример за уривање на институциите во регионот и за потчинување на државата на интересите на еден човек и неговиот круг. По промената на власта, која ќе се случи многу брзо, Србија мора да стане пример за спротивното: на Вучиќ и на неговите соучесници мора да им се суди во Србија, пред очите на јавноста, во отворени и законски постапки, без можност да избегаат од одговорност под заштита на политички покровители во странство. Таквиот епилог би му покажал на целиот регион дека автократ кој, заради лична моќ и богатење, ги разорува институциите на својата држава, по губењето на власта не добива безбеден излез, туку одговара пред институциите на државата што се обидел да ја потчини. Тоа би претставувало вистинска општествена катарза и една од првите добри практики што Србија, по четиринаесет години, повторно би можела да му ги понуди на регионот“, се додава во реакцијата.

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како што наведуваат од Демократската партија, ја има целосната поддршка и солидарност.

    „Нападот на кој е изложен не е одбрана на српските интереси, туку обид Вучиќ да ги извезе политичкото насилство и говорот на омраза, кои ги нормализираше во Србија, и надвор од нејзините граници. Србите во регионот не се политичко оружје на Александар Вучиќ, ниту стока со која тој може да тргува заради сопствениот опстанок на власт“, се наведува во соопштението.

    Реакција за ова имаше и од опозициската СДСМ, од каде што велат дека ВМРО и екипата на Вучиќ, удриле со најнечист речник.

    „Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура. Многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза. И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил. Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век, фашистички методи во 21 век во Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

    Previous ArticleДимитриеска-Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување
    Next Article Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

    Поврзани вести

    Администрацијата на Трамп бара од Врховниот суд да дозволи ограничувања на гласањето по пошта

    04/09/2026

    Венс: Нема временска рамка кога ќе заврши конфликтот со Иран

    04/09/2026

    Иран ја прошири црната листа на бродови што не смеат да пловат низ Ормускиот теснец

    03/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.