Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Вечер на барокна музика со македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска
    Култура

    Вечер на барокна музика со македонските уметници Владимир Костов и Цветанка Созовска

    11/08/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Еминентните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

    Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен Костова во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”.Во 1996 дипломира во класата на проф. Борис Романов на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со својот среден успех на студии од 10.0 таа е прогласена за Најдобар дипломиран студент на својата генерација на ФМУ – Скопје и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”. Се усовршува на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија, каде специјализира чембало и барокна музика на одделот за стара музика. Во класата на светски признатиот холандски чембалист и фортепијанист Жак Ох, таа ги заокружува додипломските и постдипломските студии по чембало и во 2002 година се стекнува со титулата – магистер по музика.

    Како солист и како камерен и оркестарски музичар, таа има настапувано на бројни концерти низ цела Европа и во Јужна Кореја. Член е на Барокниот оркестар на Европската Унија во сезоната 2002-2003 и работи со врвни музичари како Фабио Бјонди и Рајнхард Гебел. Како корепетитор, во 2004 година таа е дел од тимот при Летниот фестивал „Каза де Матеуш” во Португалија, а со барокниот ансамбл „Барок опера Амстердам” остварува турнеја низ Франција. Таа е професор по чембало и басо континуо на Летната музичка школа во Бургос, Шпанија во 2009 година.

    Цветанка Созовска е чембалист на Оркестарот од Кадакеш во Шпанија, на проектот под диригентската палка на легендарниот сер Невил Маринер. Под водство на најпознатиот светски барокен музичар, со холандско потекло, Франс Брухен, Цветанка е корепетитор и заменик-диригент при долготрајната продукција на операта „Les Indes Galantes” од Жан Филип Рамо во Полска и во Холандија.

    Цветанка Созовска живее и работи во Хаг повеќе од 20 години каде е корепетитор на чембало на одделот за историска изведба при Конзерваториумот во Утрехт, Холандија. Во истиот град таа е професор по чембало во Утрешкиот центар за уметности. Повеќе од 15 години таа е и професор по пијано во музичкиот оддел при Интернационалното училиште на Хаг.

    Владимир Костов дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Посетува мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и квартетот „Миро“ (САД). По пат на аудиција, тој повеќе пати е избиран да членува во Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти и солисти и остварувајќи концерти во некои од најпознатите концертни сали во светот. Настапува и со оркестарот Исток-Запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ.

    Камерната музика претставува негов особен интерес и тој е водач на повеќе камерни оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, Камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, основач е на клавирското трио „ВАМ“, редовен член е на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија и на Ансамблот за современа музика „Кон Темпора“ . Настапува како солист со Македонската филхармонија и камерниот оркестар, со камерниот оркестар „Профундис“, како и на повеќе фестивали и манифестации во Македонија и во Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска, САД…Член е и концерт мајстор на меѓународниот оркестар ,,Nо Borders’’ со кој на концертната турнеја во 2021 година настапува и како сoлист.

    Костов е основач на Фестивалот за млади виолинисти „Виолин Фест“ и е добитник на наградата „Георги Божиков“. Работи како концерт мајстор во Македонската филхармонија и како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

    Previous ArticleСадикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфа
    Next Article Трамп потпиша наредба за ограничување на вакцините за деца и поделба на ММР дозите

    Поврзани вести

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    14/09/2026

    Македонскиот КИЦ и Кинотеката со „Македонски оскаровци“ ја заокружија првата фестивалска дестинација во Хрватска

    14/09/2026

    „ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

    11/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.