Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски: Бараме јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања на патот кон ЕУ
    Политика

    Муцунски: Бараме јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања на патот кон ЕУ

    13/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат на нашиот јазик, идентитет и историја“, нагласи Муцунски.

    Тој посочи дека за државата се суштински значајни две прашања. Првото е обезбедување јасни гаранции за предвидливоста на процесот, кои би биле преточени во домашниот правен систем или би произлегле од европските институции.

    „Уставни измени со одложена примена се еден таков модел, или пак, треба да постојат јасни гаранции од европските институции“, рече Муцунски.

    Како второ клучно прашање, тој го посочи принципот на меѓународен реципроцитет во областа на човековите права.

    „Кога Бугарија очекува од нас да го внесеме бугарското малцинство во Уставот, најмалку што може да направи е да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во делот на правата на Македонците кои живеат во Бугарија“, истакна Муцунски.

    Според него, во рамките на овие позиции може да се дојде до рационално и одржливо решение што нема повторно, по неколку денови, недели или месеци, да ја доведе државата во истата ситуација.

    „Решението што го прифати претходната Влада е неприфатливо и може да создаде дополнителна криза во процесот на европска интеграција“, оцени Муцунски.

    Тој потсети дека државата веќе направила крупни отстапки на својот европски пат, вклучително и промена на името, нагласувајќи дека најмалку што заслужува е да биде оценувана и вреднувана врз основа на европските вредности и критериуми.

    „Не смееме да дозволиме патот кон Европската Унија да нè обезличи како држава и како народ. На нас е да бараме решение – решение што ќе биде достоинствено и одржливо“, порача Муцунски.

    Previous Article(Фото) Нема поубава бремена жена: Гордо го откри стомакот и направи хаос на интернет
    Next Article Гаши: Со Охридскиот договор – мирот, дијалогот и еднаквоста се основата на градењето одржливо општество

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    ETIAS носи нови правила за патување во ЕУ: Еве што ќе треба да пријават македонските граѓани

    Шведската централно-левичарска опозиција е подготвена за преземање на власта по тесните избори

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.