Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Изложба на скулптури во Офицерски дом Битола
    Култура

    Изложба на скулптури во Офицерски дом Битола

    31/08/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Вечерва 31 август, со почеток во 20:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола, ќе биде отворена изложбата „Торза“ на вајарот Андреј Митевски на која ќе бидат прикажани шестнаесет скулптури од неговиот нов циклус посветен на торзото.

    Во скулптурите на Андреј Митевски, женското торзо се појавува како издвоена форма во која телото е истовремено присутно и отсутно.Овие торза не се само претстава на женското тело, туку потрага по неговата безвременска суштина и во нив се препознаваат асоцијации на праисториските Венери, симболи на животот, плодноста и создавањето, но и на античкиот идеал на мерата, хармонијата и пропорцијата.

    Во творештвото на Митевски, потрагата по убавината и формата се изразува на различни начини. Некои торза се доближуваат до класичниот идеал на хармонично и прочистено тело, додека други ја напуштаат идејата за совршенство и ги оставаат видливи несовршеностите, неправилностите и трагите на времето врз самиот камен. Сензуалноста на торзата произлегува од самата форма – од ритамот на линијата, меките премини, односот меѓу испакнатото и вдлабнатото и светлината што се прелева по мермерната површина. Во нив убавината не е претставена како совршенство на телото, туку како внатрешна состојба – убавина што го надминува времето, ја надминува материјата и продолжува да живее во погледот на оној што ја гледа.

    Публиката ќе може да ја посети изложбата до 9-ти септември.

    Previous ArticleНАСА лансираше нов телескоп што ќе ги истражува тајните на вселената
    Next Article (Фото) Најстарата ќерка на Силвестер Сталоне се сврши: се огласи гордиот татко

    Поврзани вести

    Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

    03/09/2026

    Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

    03/09/2026

    Циклус: „Бежанци“ од Борко Лазески – помалку познато поглавје од македонскиот модернизам

    03/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.