Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Божиновска на првиот училишен ден во Велес: Енергетската иднина не се гради само со инвестиции и технологија, туку и со знаење и квалификувани кадри
    Македонија

    Божиновска на првиот училишен ден во Велес: Енергетската иднина не се гради само со инвестиции и технологија, туку и со знаење и квалификувани кадри

    01/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски, наставниците и учениците и се запозна со наставниот процес, практичната обука и условите за образование.

    На првиот училишен ден, министерката им се обрати на учениците, посочувајќи дека стручното образование е една од клучните основи за идниот развој на државата и дека професионалните вештини ќе имаат сè поголемо значење во услови на забрзан технолошки и економски развој.

    „Нема мала или голема професија. Има професионалност, знаење и посветеност. На една модерна економија ѝ се потребни и инженери и техничари, и програмери и автомеханичари, и електричари и механичари, и мајстори и претприемачи. Затоа, драги ученици, ценете го знаењето што го стекнувате овде. Не учите само за оценка и не учите само за диплома – учите професија“, порача Божиновска.

    ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ има повеќе од 60 години традиција во стручното образование и денес е најголемото државно средно училиште во општина Велес, со околу 980 ученици. Во училиштето се реализира образование во машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителско-туристичката струка, со повеќе образовни профили, меѓу кои машински техничари, автомеханичари, електротехничари, техничари за компјутерска техника и автоматика, техничари за индустриска мехатроника, техничари за транспорт и шпедиција, готвачи и келнери.

    Особено значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини има образовниот профил електротехничар-енергетичар, кој директно се поврзува со потребите на енергетскиот сектор.

    „Енергетскиот сектор денес е во период на големи промени. Македонија гради нов енергетски систем, вложува во обновливи извори, во соларни и ветерни електрани, во модернизација на мрежата, во складирање енергија и во нови технологии. Но, ниту една електрана, ниту една мрежа и ниту една нова технологија не може да функционира без квалитетни луѓе“, истакна министерката.

    Таа нагласи дека во иднина ќе има сè поголема потреба од кадри кои ќе знаат да работат со паметни мрежи, батериски системи, автоматизирани постројки, дигитални системи и нови енергетски технологии.

    Previous ArticleТошковски: Обезбедени се учесниците во инцидентот во Чаир, 13 годишното дете се бори за живот
    Next Article АНБ го одбележа Денот на Агенцијата, најавен Центар за обука на безбедносни кадри

    Поврзани вести

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    04/09/2026

    Божиновска: Енергетската сигурност и регионалното поврзување се клучни за економскиот развој

    03/09/2026

    Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

    03/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

    Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

    НАЈЧИТАНИ

    Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

    01/09/2026

    Дали социјалните медиуми ги уништуваат семејните односи?

    01/09/2026

    Ова се имињата на сите 310 ученици кои се примени во Средното полициско училиште

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.