Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат
    Политика

    Мицкоски: Растот на БДП е меѓу четирите најголеми во Европа, фактите остануваат

    04/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мицкоски порача дека државата ќе продолжи да оди напред. Не е лесно, вели тој, не се сите проблеми решени бидејќи се наследени многу, но важно е дека работиме и се трудиме сè што е наследено да го решаваме, а да не создаваме нови проблеми. Резултатите по 25-26 месеци излегуваат на површина, имаме раст на индустриското прозводство, стабилизирана инфлација.

    Според Мицкоски, остварениот раст во првото полугодие е меѓу најсилните во Европа и е континуиран во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната е 1,2  процент, односно еден процент.

    Кога на растот од 4,3 проценти во вториот квартал ќе се додаде и растот во првото тримесечје од 3,1 проценти, како што посочи, дава приближно 3,7 проценти во првото полугодие од оваа година, што е еден од најсилните во Европа.

    „Повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е едно од четирите најголеми зголемувања на БДП и во првата половина на годината и во второто тримесечје во услови кога за истиот квартал во 2025 година имаме 3,5 проценти раст. Словенија има 3,8 проценти раст во вториот квартал годинава, но 0,7 проценти во вториот квартал 2025 година. Пред нас уште се Малта и Данска. Ги повикувам повторно ботовите на опизицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат ‘рилсови’ и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, за жал, не може фактите да ги негираат “, рече Мицкоски.

    Ќе продолжиме, додаде, и понатаму, 2024 ја завршивме со раст на БДП од 3 проценти, со што влеговме во првата половина од земјите во Европа, 2025 со 3,5 проценти, сега во првото полугодие сме веќе со 3,7 проценти.  – Имаме контиуниран раст во услови кога нашиот најголем трговски партнер – Европската Унија и земјите од еврозоната имаат во целина 1,2 процент, односно еден процент. Ако го видите растот на БДП во периодот 2006 – 2008, имаме раст од 5 проценти, но тогаш ЕУ и еврозоната растат со толкав или поголем процент, што само по себе говори за политиките на оваа Влада, што претставува уште една лоша вест за опзицијата во Македонија, изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на општина Карпош. 

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9 отсто и од 5,1 отсто во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата што произведуваат разновидна стока и вршат разни услуги за сопствени потреби.

    Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.

    Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14,5 отсто како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

    Според сезонски и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4,0 проценти.

    Previous ArticleФолксваген ќе отпушти уште 50.000 работни места откако заврши спорот со синдикатот околу планот за оживување
    Next Article БОЖИНОВСКА НА ЈУБИЛЕЈНИОТ SOUTHEAST EUROPE ENERGY FORUM: МАКЕДОНИЈА АКТИВНО ЈА ГРАДИ НОВАТА ЕНЕРГЕТСКА КАРТА НА РЕГИОНОТ

    Поврзани вести

    Мицкоски гледа политичка позадина во случајот со Михајлова, прашањето за овој случај ќе биде покренато пред НАТО и ЕУ

    15/10/2026

    Филипче до Мицкоски: Ние сме како пиреј, никој не може да не уништи

    15/10/2026

    Мицкоски: Кога-тогаш ќе одговараат Михајлова и нејзиниот татко

    15/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.