Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»„Time Out“ го избра Охридското Езеро за најубавото место во Европа
    Македонија

    „Time Out“ го избра Охридското Езеро за најубавото место во Европа

    06/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Охридското Езеро се најде на првото место на листата на „Time Out“ за најубавите места во Европа за 2026 година, оставајќи зад себе некои од најпознатите природни и туристички атракции на континентот.
    Патничките новинари на познатото списание го опишуваат Охридското Езеро како спектакуларна дестинација која ги спојува кристално сината вода, планинските пејзажи, вековната историја и значително попристапните цени во споредба со познатите европски езерски одморалишта.
    Во посебен текст, „Time Out“ го претставува Охридското Езеро и како помирна и поевтина алтернатива на италијанското Езеро Комо, кое секоја година привлекува огромен број туристи и светски познати личности.
    Охрид – градот што го остава без здив секој посетител
    Посебен акцент е ставен на македонската страна на езерото и градот Охрид.
    „Time Out“ ги издвојува калдрмисаните улици, старите куќи со карактеристични покриви, археолошките локалитети и големиот број средновековни цркви.
    Списанието ја споменува и познатата приказна дека Охрид некогаш имал 365 цркви – по една за секој ден во годината.
    Како еден од највпечатливите погледи се издвојува црквата „Свети Јован Канео“, сместена на карпата над езерото, со бескрајното синило на Охридското Езеро во заднина.
    Советот на „Time Out“ е Канео да се посети рано наутро, пред да пристигнат поголем број посетители, кога тишината и мирот дополнително ја нагласуваат убавината на местото.
    Поевтино од Комо, а пејзажот подеднакво импресивен
    Според магазинот, Охридското Езеро нуди сè што туристите го бараат од една врвна европска езерска дестинација – чиста вода, величествени планини, историски градови и можност за пливање и истражување на културното наследство.
    Но една од неговите најголеми предности е тоа што одморот може да биде значително попристапен од оној во познатите туристички центри во италијанската Ломбардија.
    „Time Out“ го опишува како место каде денот може да се помине во пливање и истражување антички локалитети, а вечерта во набљудување на зајдисонцето зад планините.
    Ја истакнаа и албанската страна на езерото
    Во текстот внимание добива и албанската страна на Охридското Езеро, која нуди поинакво искуство – подива природа, мирни населби и помалку туристичка атмосфера.
    Посебно е издвоено селото Лин, познато по археолошките остатоци и мозаиците, како и по можностите за престој непосредно покрај езерото.
    Така, целото Охридско Езеро е претставено како дестинација која може да понуди различно искуство на двете страни од границата.
    Охрид пред светски познати дестинации
    Успехот е уште поголем ако се погледне конкуренцијата.
    На листата на десетте најубави места во Европа за 2026 година, според „Time Out“, се најдоа:
    1. Охридско Езеро, Македонија
    2. Термалните извори Сатурнија, Тоскана, Италија
    3. Giant’s Causeway, Северна Ирска
    4. Алберобело, Апулија, Италија
    5. Почитељ, Босна и Херцеговина
    6. Норвешките фјордови, Норвешка
    7. Кју Гарденс, Лондон
    8. Каналот Принсенграхт, Амстердам
    9. Долината на Мозел, Германија
    10. Каса Батљо, Барселона
    Листата е составена од уредници и патнички новинари на „Time Out“, кои ги избираат местата што лично ги сметаат за највпечатливи од своите патувања низ Европа.
    Првото место за Охридското Езеро претставува уште едно големо меѓународно признание за една од најголемите природни и културни вредности на Македонија и дополнителна промоција на Охрид како туристичка дестинација пред светската публика.

    Previous ArticleОтешево домаќин на петтото издание на фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“
    Next Article МЕТЕОАЛАРМ: Високи температури низ Македонија, живата во термометрите до 35 степени

    Поврзани вести

    Утре дожд и северен ветер, на повисоките планини се очекува слаб снег

    15/10/2026

    Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

    15/10/2026

    Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

    15/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    Земјите од Г7 ќе вежбаат како да одговорат на сајбер напади со вештачка интелигенција

    Украина нападна руска рафинерија, Зеленски вели дека нема да го почитува енергетското примирје на Трамп

    НАЈЧИТАНИ

    Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    10/10/2026

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    ЕМКИЦЕ: Во Берово се одржа обука на ментори за поддршка на жените во зелените технологии

    13/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.