Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Македонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ Хрватска
    Култура

    Македонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ Хрватска

    11/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Синоќа кино салата на Центарот за култура „Златна врата“ во Сплит стана место на средба на две култури – свечено беше отворен вториот по ред патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.

    Публиката во полната сала ја поздравија Тамара Висковиќ, водителка на програмата за култура при Центарот за култура “Златна врата”, Марта Жаја, претседателка на македонското културно друштво “Македонија” од Сплит, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, и Бошко Грујоски, директор на македонската Кинотека. Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на Јелена Коваќиќ, виша советничка за демографија на Градот Сплит, која го истакна значењето на Фестивалот на македонскиот филм за јакнење на врските меѓу Сплит и Македонија, како и меѓу хрватската и македонската култура.

    Овогодинешното фестивалско издание на својата прва дестинацијa во Сплит беше отворено со документарно-играниот филм “Железна тврдина”, најново филмско остварување на македонскиот меѓународно реномиран режисер Митко Панов.

    По успешното прво издание единствениот патувачки „Фестивал на македонски филм“ во Хрватска продолжува да го гради својот препознатлив идентитет како значајна платформа за промоција на македонската кинематографија и за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Фестивалот претставува простор за средба на авторите, филмските професионалци и публиката, a со тоа и ги воведува новите перспективи за македонскиот филм и неговата видливост во меѓународен контекст.

    Програмата на второто издание нуди внимателно избрана селекција која ја отсликува богатата разновидност на современата и историската македонска кинематографија. Од најновите авторски остварувања и меѓународни копродукции, преку документарни филмови што обработуваат универзални теми за идентитетот, миграцијата, човекот и природата, до филмови што претставуваат непроценлив дел од националното филмско и етнолошко наследство – фестивалот ја прикажува континуираната виталност и креативност на македонскиот филм.

    Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво “Македонија” Сплит и Центарот за култура “Златна врата”.

    Previous ArticleВрховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените ќе излезат од затвор
    Next Article Советот на Европа предупредува на неказнивост и корупција во Малта по пресудата за убиството на Дафне Каруана Галиција

    Поврзани вести

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    06/10/2026

    НУ Народен Театар Битола со две награди на Денови на комедија во Куманово

    06/10/2026

    „Минимални хоризонти“ на Ана Пандевска и Дуња Иванова ја воодушеви публиката во Тирана

    05/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.