Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Иран понуди повторно отворање на Ормускиот теснец, Трамп не верува во нивните добри намери
    Свет

    Иран понуди повторно отворање на Ормускиот теснец, Трамп не верува во нивните добри намери

    26/09/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја ѝм предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од една недела. Арагчи им изјави на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк дека тоа би можело да се постигне доколку се исполнат неопходните услови, додавајќи дека тие услови се содржани во Меморандумот за разбирање потпишан во јуни.

    „Изборот сега е на Соединетите Држави“, рече тој, додавајќи дека планот бил доставен до САД преку Катар.

    На прашањето за иранската понуда, еден американски функционер за Би-Би-Си изјави дека се водат позитивни разговори преку посредници, вклучително и за прашања поврзани со нуклеарната програма. Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор на предлогот, весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил договорот.

    Според извештајот, Трамп приватно изразил скептицизам дека Иран ќе ги исполни неговите барања и им рекол на своите соработници дека смета оти е веројатна нова кампања на воздушни напади. САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Иран возврати со напади врз Израел и врз американските бази во Заливот и врз арапските сојузници на САД во регионот, како и со блокирање на Ормускиот теснец.

    Пред војната, околу 20% од светската нафта и течниот природен гас минуваа низ овој теснец, а неговото затворање предизвика драстични флуктуации на цените на енергенсите.
    Тоа исто така го зголеми притисокот врз Трамп да најде начин за ставање крај на конфликтот – особено со оглед на тоа што во ноември во САД се одржуваат избори за Конгресот.

    „Доколку се исполнат неопходните услови, теснецот може повторно да се отвори и нормалниот поморски сообраќај да се воспостави во рок од седум дена“, им рече Арагчи на новинарите. Тој не прецизираше какви чекори Иран очекува од САД, но додаде дека потезите што треба да ги преземат Соединетите Држави не се нови. Сите тие веќе се содржани во Меморандумот за разбирање.

    „Можам да ви кажам дека, доколку постои сериозна намера од американска страна да се постигне договор и повторно да се отвори Ормускиот теснец, сè е веќе подготвено“, додаде тој.

    Еден американски функционер изјави за Би-Би-Си дека САД се во многу силна позиција со контрола врз Ормускиот теснец, така што не брзаат. Во интервју за CBS News, американскиот партнер на BBC, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека процесот на прекин на огнот „ќе започне од самиот ден кога тие ќе го прифатат“.

    „Претходно постигнавме договор врз основа на Меморандумот за разбирање потпишан во Пакистан доколку САД се согласат да продолжат на тој начин, сè ќе се врати во состојбата во која беше претходно“, додаде тој.

    Пезешкијан исто така изјави дека Иран сега ќе дозволи влез на нуклеарните инспектори на ОН во земјата.
    Отфрлајќи ги тврдењата дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје, иранскиот претседател рече: „Ако сакаат да дојдат и да извршат инспекции, можеме да постигнеме договори и спогодби во врска со таа конкретна тема во рамките на преговорите“.
    Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, потпишан на 18 јуни, имаше за цел да доведе до прекин на огнот и барем делумно повторно отворање на Ормускиот теснец.

    Договорот од 14 точки предвидуваше дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. Во него се наведуваше дека САД, Иран и нивните сојузници ќе ги прекинат воените операции на сите фронтови и содржеше одредби кои вклучуваа прекин на американската поморска блокада и ублажување на санкциите.

    Исто така, се предвидуваше дека Иран ќе вложи максимални напори за да обезбеди услови за безбеден премин на трговските бродови низ теснецот и ќе води разговори со Оман за идните аранжмани во поморскиот сообраќај. Сепак, договорот пропадна кратко потоа, кога двете страни ги продолжија нападите. Иран нападна бродови за кои тврди дека се обиделе да го преминат Ормускиот теснец без дозвола.

    Previous ArticleОдличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш
    Next Article Веб-страниците на повеќе американски владини агенции биле цел на вештачката интелигенција на Опен АИ

    Поврзани вести

    Макрон ги обвини странските лидери за политичка злоупотреба на немирите во Франција

    22/10/2026

    Мета ќе плати казна од 25 милијарди долари во Ново Мексико заради загрозување на приватноста на податоците

    22/10/2026

    НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови

    21/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.