Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Денеска е Крстовден: Православните верници го слават Воздвижението на Чесниот Крст
    Македонија

    Денеска е Крстовден: Православните верници го слават Воздвижението на Чесниот Крст

    27/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Православните христијани денеска, 27 септември, го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов, во народот познато како Крстовден.
    Овој голем христијански празник е посветен на Крстот како симбол на Христовото страдање, но и на победата на животот над смртта. Во храмовите се служат празнични богослужби, а верниците со молитва и поклонение се потсетуваат на жртвата на Исус Христос.
    На Крстовден се чествуваат два значајни настана од црковното предание: пронаоѓањето на Крстот на кој бил распнат Исус Христос и неговото враќање од Персија во Ерусалим.
    Како бил пронајден Чесниот Крст
    Според преданието, светата царица Елена, мајката на царот Константин Велики, отпатувала во Светата Земја со желба да го пронајде Крстот Христов.
    По долго пребарување, старец по име Јуда го открил местото каде што се верувало дека е закопан Крстот. На Голгота, над тоа место, во времето на римскиот цар Адријан бил изграден пагански храм посветен на Венера.
    По наредба на царицата храмот бил отстранет, а при ископувањата биле пронајдени три крста. Бидејќи Христос бил распнат заедно со двајца разбојници, не можело веднаш да се утврди кој од пронајдените крстови е неговиот.
    Црковното предание раскажува дека во близина поминувала погребна поворка. Ерусалимскиот патријарх Макариј наредил трите крста еден по еден да бидат положени врз покојникот. Кога бил допрен со третиот крст, тој оживеал, а подоцна со истиот Крст била исцелена и тешко болна жена.
    Така било утврдено кој е Чесниот и Животворен Крст Христов.
    Патријархот Макариј потоа го издигнал високо за да може да го види насобраниот народ. Верниците се поклонувале и со солзи ја повторувале молитвата: „Господи, помилуј“.
    Токму од овој чин на издигнување, односно воздвижение, празникот го добил своето име. Царицата Елена наредила Крстот да биде сместен и чуван во сребрен ковчег.
    Враќањето на Крстот во Ерусалим
    Вториот настан што се одбележува на Крстовден е враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим.
    Кога персискиот цар Хозрој го освоил Ерусалим, голем број жители биле одведени во ропство, а Чесниот Крст бил пренесен во Персија. Таму останал 14 години.
    Во 628 година византискиот цар Ираклиј ја победил персиската војска и го вратил Крстот во Ерусалим. Според преданието, царот, облечен во раскошна царска облека, го носел Крстот на своите плеќи, но пред портите на градот одеднаш застанал и не можел да продолжи.
    Патријархот Захарија му објаснил дека Христос по истиот пат одел бос, понижен и без царска слава. Ираклиј тогаш ја соблекол раскошната облека, се облекол скромно и бос го однел Крстот до Голгота, каде што бил положен во храмот на Христовото Воскресение.
    Празник на молитвата, смирението и надежта
    Во христијанското учење Крстот не е само потсетување на страдањето, туку и знак на спасението, пожртвуваноста, простувањето и надежта.
    Празникот ги повикува верниците на смирение, покајание и духовно преиспитување. Крстовден традиционално се одбележува со пост, без оглед на тоа во кој ден од седмицата се паѓа. Бидејќи годинава празникот се слави во недела, според православниот календар постот е на масло.
    Верниците денеска ги посетуваат храмовите, присуствуваат на светите литургии и се поклонуваат пред Крстот, кој во православната вера се почитува како знак на Христовата победа над смртта и извор на духовна сила.
    На многу години празникот – за здравје, мир и спасение!

    Previous ArticleИлјадници луѓе останаа без конекција откако Русија нападна украинските центри за податоци и интернет-провајдери
    Next Article Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

    Поврзани вести

    ВИДЕО – Милошоски: Бугарија ја блокира Македонија, а СДСМ ја застапува тезата на Софија

    06/10/2026

    Средба на претседателот Гаши со поранешните претседатели на Собранието

    05/10/2026

    МПЦ-ОА ги чествуваше македонските светители и 40 години служба на г.г. Стефан,

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.