Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Триесет и една година од атентатот на Глигоров, уште не се знае кој стои зад тоа
    Политика

    Триесет и една година од атентатот на Глигоров, уште не се знае кој стои зад тоа

    03/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Денес се наврушуваат 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Атеннтатот беше извршен со автомобил-бомба во 9:50 часот 1995 година на улица Македонија пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

    Во автомобил „цитроен ами 8“ беа скриени 20 килограми експлозив, активирани со далечински управувач, а пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата Македонија го забавило автомобил „фиќо“.

    Глигоров го преживеа атентатот со тешки последици на главата, а на место загина неговиот возач Алекандар Спировски, додека телохранителот Илчо Теовски беше ранет.

    Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран, но и после толку години јавноста не дозна кој стоеше зад атентатот.

    Во истрагата беа претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 беа претресени. 

    По неколкумесечно лекување, Глигоров на 10 јануари 1996 година се врати на својата претседателска дејност, а откако го заврши вториот претседателски мандат, му го отстапи местото на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој пак трагично загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

    Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година кога го заврши вториот претседателски мандат имаше 82 години. Почина во длабока старост на 94 години на 1 јануари 2012 година.

    Глигоров беше првиот претседател на независна Македонија а на него му се препишува и заслугата што земјава се отцепи по мирен пат од поранешна Југославија.

    Previous ArticleМуцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија
    Next Article Земјите од Г7 ќе ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите резерви

    Поврзани вести

    Судијата Ѓоко Ристов ем го судат, ем во притвор и ем цело време си зема плата

    06/10/2026

    Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ

    04/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги објави останатите сомнежи за криминал

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Амбер Херд го истрча својот прв полумаратон во Мадрид

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.