Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Посетата на Фон дер Лајен порака за деблокада или очекувања на новите правила
    Политика

    Посетата на Фон дер Лајен порака за деблокада или очекувања на новите правила

    03/10/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Кандидатските земји како Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија би можеле да се соочат и со нови ограничувања по членството во ЕУ, според нацрт кој кружи во меѓународните медиуми како предлог за промена на методологијата за проширување на ЕУ, објави мк.тв21.

    Предлог на Европската комисија:

    „Кои права би можеле да бидат ограничени за новите членки?

    • Новата држава не би можела да преземе блокирање на одлуки или користење на правото на вето;
    • Суспендирање на правото на глас во Советот на ЕУ, доколку квалификувано мнозинство од земјите членки го одобри тоа;
    • Ограничување на слободното движење на работниците од новата членка на пазарот на трудот во другите земји на ЕУ;
      Привремени ограничувања на одредени права или бенефиции поврзани со земјоделските субвенции и слично.

    Во моментов, во процесот на членство, едногласноста ѝ дава можност на секоја земја членка со вето да блокира одредени одлуки. Европската комисија токму за време на преговорите за членство разговарала за преминување кон квалификувано мнозинство за одредени одлуки. Европскиот парламент, меѓу другото, поддржал укинување на едногласноста за отворање и затворање на поединечни поглавја/кластери во преговорите.

    Предлог на Европската комисија:

    „Кои други права би можеле да ги добијат новите членки?

    • Со „квалификувано мнозинство“, не е неопходно сите да се согласат, не се потребни едногласни гласови од 27-те земји членки, туку доволни се 15 држави (55%) или најмалку 65% од населението на ЕУ.
    • Мала група држави не може да ја блокира одлуката само затоа што е против. За создавање блокирачко малцинство, вообичаено се потребни најмалку четири држави.“

    Според предлогот за кој известува Ројтерс, станува збор за привремени гаранции и ограничувања за правата поврзани со гласањето и ветото, а не за трајно укинување на рамноправниот статус на членката.

    Овие нови предлози на Европската комисија се очекува да бидат објавени на 6 октомври 2026 година во Брисел.

    За аналитичарот Џелал Незири, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Скопје била плодна и очекува дека во наредните денови ќе има позитивни случувања и во однос на Бугарија и во рамки на Европската Унија.

    „Мислам дека придобивките се големи, пред сè затоа што по долг период се одблокира комуникацијата меѓу Скопје и Софија, комуникација која долго време беше замрзната. Таа беше замрзната од промената на власта овде во 2024 година. Оваа власт, која ги доби изборите со антинаратив кон договорот со Бугарија и антинаратив кон францускиот предлог, тешко можеше да отстапи од тој став“, изјави политичкиот аналитичар Џелал Незири.

    За аналитичарот Петар Арсовски, пораката на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, кон регионот била многу експлицитна во однос на Албанија и Црна Гора, за кои се очекува членство до 2028/30 година, додека Македонија не е во тој патоказ. Според него, тоа е најголемата загуба – што во последните три години стоиме во место.

    „Негативните сигнали се што ЕУ, де факто не нѝ даде патоказ и одби да се вклучи во директни разговори со Бугарија, што значи дека се враќаме на почеток. А тоа е, додека не се направат уставните измени, нема да мрднеме напред и не можеме да очекуваме помош по тоа прашање, ниту можеме да го сведеме на билатерално прашање меѓу нас и Бугарија. Сепак, ЕУ го третира ова како прашање меѓу ЕУ и Северна Македонија“, рече политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

    Previous Article50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето
    Next Article ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги објави останатите сомнежи за криминал

    Поврзани вести

    СДСМ го обвини Мицкоски за блокирање на дијалогот со Бугарија

    06/10/2026

    Судијата Ѓоко Ристов ем го судат, ем во притвор и ем цело време си зема плата

    06/10/2026

    Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ

    04/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Филхармонија ќе ги изведе најпознатите увертири од класиката под диригентство на Борјан Цанев

    Вработена во лабораторија на Институтот за чума во Сибир почина од непозната пневмонија, десетици лица се во карантин

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    СДСМ го обвини Мицкоски за блокирање на дијалогот со Бугарија

    НАЈЧИТАНИ

    Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    02/10/2026

    Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Сакаме да бидеме дел од ЕУ, но бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

    02/10/2026

    Мицкоски најави нова кадровска ротација: Следуваат промени кај заменици-министри и директори

    29/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.