Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сали: Се очекува средба Скопје–Софија, нов чекор за деблокирање на процесот – Немаме ултиматуми кон Бугарија, бараме гаранции за јасен процес
    Политика

    Сали: Се очекува средба Скопје–Софија, нов чекор за деблокирање на процесот – Немаме ултиматуми кон Бугарија, бараме гаранции за јасен процес

    07/10/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    По пораките на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека следната недела започнува нов чекор за деблокирање на евроинтегративниот процес, првиот вицепремиер Беким Сали, во синоќешната емисија „Клик Плус“, соопшти дека се очекува да се одржи средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија во Софија, со цел интензивирање на комуникацијата меѓу двете влади. Според него, двете страни изразиле согласност за средбата, но Македонија сè уште ја очекува официјалната потврда за датумот и местото.

    „На средбата што ќе се одржи, ако не грешам, во Софија, министрите за надворешни работи ќе имаат првична средба во врска со интензивирањето на комуникацијата меѓу двете влади. Од наша страна, барањето беше прифатено во моментот кога беше изнесено, а и ние упативме барање за можна средба во Софија. Последните информации говорат дека и бугарската влада го прифатила таквото барање и се согласила за можна средба. Министерството за надворешни работи сега го очекува и официјалниот документ со кој ќе се потврди организирањето на средбата, како и времето и местото во Софија“, вели Беким Сали.

    Во врска со изјавата на претседателката на Бугарија, Јотова, дека се подготвени за разговори, но без ултиматуми, Беким Сали вели дека Македонија не ѝ поставува ултиматум на Бугарија, туку бара секое барање и секоја обврска да бидат јасни и транспарентни. Според него, поставувањето нови барања по уставните измени би создало несигурност и дополнително би го одолжило процесот на европска интеграција.

    „Ние немаме никаков ултиматум кон Бугарија. Досега сме се соочувале со условувања. Но, како што истакнав и претходно, подготвени сме да разговараме за сè што е транспарентно и јасно. Оставањето недоречености или простор каде може да се додаваат нови барања создава несигурност и кај нашите граѓани. Затоа што утре, ако ги направиме уставните измени, а потоа се додадат и други барања, тоа повторно ќе ни одземе одреден временски период. Така, во процесот на европската интеграција ние заостануваме само поради билатерализацијата на прашањето за интеграцијата. Сведоци сме и гледаме дека некои држави веќе нè поминаа во овој процес, имајќи предвид дека Северна Македонија беше на исто рамниште со Хрватска“, вели Беким Сали.

    Европската комисија сака новите членки на ЕУ да ги држи „под надзор“ и до 15 години

    Македонија сè уште нема конкретен датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Владата истакнува дека европската интеграција останува стратешки приоритет, додека за уставните измени се бара поширока политичка одлука и гаранции дека процесот ќе биде јасен и предвидлив. Според Беким Сали, целта е деблокирање на процесот, но начинот на кој тоа ќе се постигне треба да биде усогласен меѓу страните и проследен со поддршка од јавноста.

    Previous ArticleХоландска делегација во посета на Собранието
    Next Article Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.