Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Околу 2,1 милион евра потрошени за уметниците кои настапија на одбележувањата за 35 години независност
    Политика

    Околу 2,1 милион евра потрошени за уметниците кои настапија на одбележувањата за 35 години независност

    09/10/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Околу 2,1 милион евра биле потрошени за 67 уметници кои биле дел од прославата организирана за 35 години независност. Портпаролката на Владата Марија Митева која заедно со директорот на Државна Лотарија Александар Климовски ја соопштија финансиската конструкција за организацијата на прославата, не открија колку точно чинеле поединечните настапи на светските музички ѕвезди како што се Дејвид Гета и Хозе Карерас.

    Според финансискиот извештај презентиран на прес-конференција во Владата, за 18-те настапи во 13 градови низ земјава биле потрошени 340.509.749 денари или приближно 5,5 милиони евра.

    Од оваа сума, 129,3 милиони денари биле потрошени за хонорари на артистите и изведувачите, за продукција 96,2 милиони денари, за логистика 58,5 милиони, за маркетинг 2,8 милиони, а за хонорари на соработниците 53,5 милиони денари.

    Еден од најголемите проекти бил и музичко-сценскиот караван „Силно светнал ден“ кој опфатил 11 градови.

    Митева вели дека важно е што концептот не се потпирал само на странски уметници туку дека заложбата била централно место во одбележувањето да имаат домашните уметници.

    Во деталниот извештај има распоред на реализираните настани. Секој од нив е поединечно обработен во извештајот, со објаснување на концептот, содржината, ангажираните капацитети и неговото место во целокупната програма. Ова е податок којшто најдобро го илустрира националниот опфат на манифестацијата. Особено важно е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња. Напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста, изјави Митева.

    Previous ArticleКлимовски најави проверки за 2023 и 2022 година по недостигот од 80 милиони денари во Лотарија
    Next Article (Фото/Видео) Добро погледнете ги вашите стари плакари: Џиџи Хадид оживеа еден заборавен тренд од 2000-тите

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.