Шпанија оваа година доживеа 16 дневен топлотен бран кој, според државната метеоролошка агенција на земјата (AEMET), бил „најинтензивен во историјата“, пренесува „Гардијан“.
Мерењата за периодот од 3 до 18 август го надминале претходниот рекорд од јули 2022 година и покажале просечна температура за 4,6°C повисока од претходните слични феномени, соопшти метеоролошката агенција на X.
Августовскиот топлотен бран ги влошил условите за пожари во земјата, што поттикнал пожари кои продолжуваат да ја уништуваат делови од земјата на запад и на север.
1.100 смртни случаи во Шпанија се поврзани со топлотните бранови.