Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»АНАЛИЗА: Општините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра
    Економија

    АНАЛИЗА: Општините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра

    19/08/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Локалните избори се распишани, а локалните власти на терен „работат“ со парите од унгарскиот кредит. На локалните избори годинава „општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра.

    Споредбената анализа на „Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво.

    10 општини со највисок доспеан, а неплатен долг 

    На новата должничка листа на Министерството за финансии, Општина Гостивар е прва од групата на општини со највисок износ на долг од речиси 11,3 милиони евра, следна е Општина Тетово со доспеани, а неплатени обврски од 9,5 милиони евра, а на трето место со долг од 5,5 милиони евра е Град Скопје.

    На крајот од вториот квартал, Општина Кавадарци пријавила долг во износ од 3,7 милиони евра, Општина Делчево 3,1 милион евра, Општина Желино 2,9 милиони евра, Општина Василево, Општина Струмица 1,8 и Општина Струга пријавиле долгови по околу 1,7 милиони евра, а десетта најзадолжена е Општина Карпош со 1,6 милиони евра. Останатите општини имаат помал долг од 1,4 милиони евра.

    Вкупниот долг на општините на крајот од јуни изнесувал 64,7 милиони евра и тој е зголемен и на квартално ниво, во споредба со март годинава и на годишно, во споредба со состојбата во јуни, лани.

    И локалните јавни претпријатија со милионски долгови 

    Заклучно со првата половина од годинава долгот на општинските јавни претпријатија изнесувал 107.601.000 евра и во однос на лани истиот период е забележено позначајно намалување. Сепак, јавните претпријатија формирани од општините и натаму котираат високо на должничката листа, вбројувајќи се во групата на субјекти со највисоки доспеани, а неплатени обврски.

    Со должнички износ од 14, 5 милиони евра, јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, кое е „лидер“ во групата на најзадолжени јавни претпријатија. На второ место е „Водовод“ од Куманово, со доспеан, а неплатен долг во износ од скоро 12 милиони евра. На трето место е ЈСП Скопје, со пријавен долг во износ од 9,9 милиони евра.

    Речиси да не постои општинско јавно претпријатие кои не прикажало доспеан, а неплатен долг кој во голем број случаи се брои во милиони евра. Така, според висината на долговите на должничката листа високо котираат и ЈКП Тетово со доспеани, а неплатени обврски во износ од 6,8 милиони евра, ЈП Водовод Охрид со 5,7 милиони евра, ЈП Комунална хигиена Скопје со должнички износ од 5,6 милиони евра, ЈП Комуналец ЦО Струмица со 5,5 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со долг од 4,2 милиони евра, ЈП Водовод и канализација Струга должи 4 милиони евра а ЈП Комуналец ЦО Гостивар 3,7 милиони евра.

    Сите овие претпријатија се рангирани во првите 30 најзадолжени субјекти од вкупно 900 кои се опфатени со новата должничка листа. Општините и ЈП на локално ниво освен што имаат актуелни долгови, на врата веќе им „тропаат“ нови милионски обврски кои допрва ќе доспеат.

    Во пресрет на локалните избори, локалните власти веќе ја започнаа „неформалната“ кампања, а неретко при промоција на проекти, во присуство на градоначалниците се и претставници на извршната власт. Главните проекти во пресрет на локалните избори ќе се потпираат на парите од Унгарскиот кредит за кои имаше огласи за аплицирање во два наврати.

    Previous ArticleАкадемскиот пленум ги осуди изјавите на Брнабиќ дека трагедијата на железничката станица во Нови Сад е планирана саботажа
    Next Article Во Нови Сад блокирана зградата на судот, се бара укинување на притворот на уапсените на протестите

    Поврзани вести

    Богатството на милијардерите достигна рекордно ниво, а секој четврти човек прескокнува оброк

    19/01/2026

    Нетфликс објави договор за купување на компанијата Ворнер Брос за 82 милијарди долари – Што значи ова за иднината на Нетфликс?

    06/12/2025

    Европа постигна договор за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година

    03/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.