Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Поправена е пукнатата цевка кај ОХИС, нема веќе закана вода да влезе во депонијата со линдан
    Македонија

    Поправена е пукнатата цевка кај ОХИС, нема веќе закана вода да влезе во депонијата со линдан

    25/08/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Пукнатата водоводна цевка во близина на ОХИС е санирана, а поплавата во дворот на фабриката е повлечена. Екипите на „Водовод и канализација“, по пишувањето на Мета.мк, излегоа на терен и изминатиот викенд го решија проблемот што настанал пред речиси два месеци. Езерцето што го предизвика истекувањето на водата се закануваше да влезе во малата депонија, каде што се ископува линдан и токсичниот пестицид да го разнесе преку подземните води.

    Државниот инспекторат за животна средина денеска потврди дека дефектот е саниран, водата е повлечена и нема опасност да се поплават базените од кои се ископува линдан.

    „Од истекувањето на водата изминативе неколку месеци беше направено езерце, а водата дојде до самиот балон од малата депонија каде се отстранува опасниот отпад од линдан. ДИЖС, полицијата и компанијата Полиеко, комуницираа со Водовод и канализација, по што беше направена интервенцијата“, посочуваат од ДИЖС.

    Во малата депонија, се преостанати 636 тони линдан, 2.613 тони контаминирана земја, 1.120 тони контаминиран бетон, а според последните истражувања има и околу 70 тони жива. Чистењето почна во септември 2021 година, а досега се транспортирани и уништени 1.932 тони високо концентриран HCH отпад и 586 тони почва контаминирана со HCH изомери. Во дворот на ОХИС, веднаш покрај малата се наоѓа и големата депонија со линдан, за која се претпоставува дека дека има околу 50.000 тони линдан.

    Погонот за линдан во фабриката работел од 1964 до 1977 година, кога било прекинато производството од еколошки причини. Во тој период биле произведени околу 2.800 тони линдан, што резултирало со околу 25.000 тони неактивни изомери, кои несоодветно биле расфрлани и кои до денес се опасност за контаминација на воздухот, водите и почвата во Скопје.

    Влијанието на линданот и неговите изомери врз животната средина и здравјето на луѓето е огромно. Линданот од Меѓународната асоцијација за истражување на канцер е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.

    Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Загадувањето на подземните води од малата и големата депонија во кругот на ОХИС, но и од онаа во Пеленица која нема никаква заштита, се очигледни. Професорот Стафилов вели дека влијанијата не се задржуваат само на водите, туку загадена е и почвата и воздухот. Радиусот на контаминацијата само се претпоставува, но сигурно зафаќа голем круг во околината на некогашната хемиска индустрија

    Тој е перзистентна хемикалија која долг временски период не се распаѓа во животната средина. Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките.

    Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

    Линданот е вклучен во Стокхолмската конвенција во 2009 година кога е класифициран во група А, супстанца која мора да се елиминира и да престане да се произведува. Македонија конвенцијата ја потпиша на 23 мај 2001 година, а на 19 март 2004 година таа беше ратификувана во Собранието на Република Македонија.

    Previous ArticleБензините посакапуваат за еден, а дизелот за половина денар
    Next Article Зелен Хуман Град најави, па се повлече од промоција на кандидатка за градоначалник на Скопје

    Поврзани вести

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години

    11/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.