Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Владата ќе купува патнички возови, локомотиви и ќе репарира 11 постојани локомотиви
    Политика

    Владата ќе купува патнички возови, локомотиви и ќе репарира 11 постојани локомотиви

    24/08/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час“, истакна Николоски во гостување на Сител.

    Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде дека следи набавка на две нови локомотиви и репарација на 11 постојани локомотиви.

    „Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме.  Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови“, истакна вицепремиерот Николоски.

    Николоски, исто така, посочи дека очекува подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот со влезот на третиот мобилен оператор.

    „Очекувам да се разбие дуополот кој што сега постои. Невозможно е да имаме два оператори кои го делат пазарот 51-49,  тоа никаде го нема и не може да најдете ситуација каде цените им се горе-доле исти и услугите им се исти, нема втор пример таков. И уште минатата година кажав дали ќе има трет оператор зависи исклучиво од однесувањето на двата постојaни оператори. Наместо да вложат во квалитет, да ги намалaт цените, тие беа инертни, повремено ме напаѓаа мене лично и Владата исто така ја напаѓаа и не успееа во тоа и приридо е да се јави конкуренција, природно е таа конкуренција да понуди подобар квалитет и пониски цени и ќе се натпреваруваат меѓу себе. Тоа е пазар, наша работа е да го овозможиме тоа, а тие да се натпреваруваат меѓу себе“, изјави Николоски.

    Previous ArticleСаем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ учество на градоначалникот на општина Пехчево
    Next Article Муцунски во Брисел, тема на средбите со Кос и Копман европската агенда на Македонија

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.