Филипче рече дека има легитимитет и кредибилитет и дека цел живот работи за граѓаните, како доктор и како министер.
„Во Владата во која седев носеше мерки за платите, платите на докторите се зголемија за 150 отсто, сега платите се 150.000 денари и јас ќе продолжам да се борам за стандардот. Тој систем на пропаганда кој е присустен, прво ме обвинуваа дека сум имал куќа во Нерези, па еден ваш колега снимаше – тоа не е вистина. Па дека имам поклон џип – исто така не е вистина. Па дека имам зграда во Дубаи и авиокомпанија – исто така не е вистина. Па дека имам јахта сега – што исто така не е вистина,“ изјави Филипче.
Тој рече дека жали што владеачката ВМРО-ДПМНЕ развива пи-ар систем кој не е само политички феномен, туку и општестен феномен.
„Креираат таков наратив за да го сведат под елеменарното и цивилизациското ниво, да ве одведат во калта. Тоа нема да го дозволам. Сите тие работи не се вистина, целта е да дискредитираат. Тие луѓе се кукавици, те обвинуваат дека си криминалец, предавник. Тоа е мантрата. Тоа повеќе ме охрабрува да се борам за државата знаејќи дека тоа ВМРО и сите кои ги иницираат тоа го прават затоа што немаат резултати и немаат што да кажат. Со ситни пари ги плаќаат луѓето за тоа, а фоусирани се на големи бзиниси, огромни кредити и договори во четири очи. Додека државата е на слеп колосек, младите се иселуваат, тие ќе бараат крадци и предавници. Додека ВМРО е на власт, противниците на македонија мирно спијат. Нема да го дозволиме тоа, ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат“, рече Филипче.
Прашан дали за одлуките што се носат во партијата се консултира со поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, Филипче рече дека не го прави тоа.
„Не. Зоран Заев повеќе не се занимава со политика, моите одлуки ги градиме со раководството, со потесното раководство, со извршниот одбор и тие се автентични одлуки на новото раководство на СДСМ“, рече Филипче.