Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин