Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово со Света божествена литургија и народен собир денеска беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица.
Илјадници верници од целата држава дојдоа да запалат свеќа, да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски, како и да се поклонат пред манастирската светост. Манастирот го посети и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански и кандидатите за градоначалник на Берово Петар Ружински и кандидатот за градоначалник на Делчево Иван Гоцевски.