„Младите преку својот ангажман не само што се развиваат лично, туку стануваат двигатели на општествените промени, без разлика дали нивниот ангажман е граѓански или партиски“, истакна Лабудовиќ.
Тој ги охрабри младите да поставуваат високи цели и да го насочуваат својот потенцијал кон реални резултати кои ќе го унапредат општеството и политичкиот живот во Македонија.
Лабудовиќ посочи дека младите се совеста и силата на општеството и дека, кога се добро организирани и мотивирани, можат да влијаат на политиката, да поддржат реформи и да ја зајакнат демократијата. Особено ја нагласи улогата на младите во локалната власт, потенцирајќи дека ЗНАМ се залага тие да учествуваат во креирањето на локалната политика, донесувањето одлуки и обликувањето на развојните приоритети на своите општини.
„Еден политички подмладок е богатство за целиот политички систем, затоа што носи нови познанства, нови луѓе и нови карактери кои ја обновуваат политичката култура и ја зајакнуваат демократската конкуренција“, додаде Лабудовиќ.
Летниот камп на ЗНАМ за млади ќе трае до 31 август и ќе овозможи учесниците активно да учат, да се поврзат и да ги развиваат лидерските и политичките вештини, со цел да станат носители на иднината на Македонија и на локалните заедници.