Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за советници, вели Перински
    Политика

    Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за советници, вели Перински

    29/08/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од шест до седум месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на противничките групи во Парламентот.

    „Мене ми е жал што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат себе си и да ги поддржат овие законски решенија, затоа што, пред се, овие предлози се однесуваат на зголемување на демократските процеси на локално ниво“, рече Перински.

    Тој нагласи дека измените се однесуваат на референдумскиот отповик на градоначалник, воведување комунална полиција како обврска на градоначалникот и транспарентна емисија на сите седници на советите. Министерот посочи дека целта е да се подобри квалитетот на локалните услуги и демократијата на локално ниво.

    Додаде дека ако законските измени не се изгласаат на следната парламентарна седница, не ќе можат да се применат кај градоначалниците со новите мандати. Градоначалниците ќе останат единствените јавни функционери без можност за отповик, нема да може да се воведе комунална полиција и градски архитекти, што според него може да влијае на квалитетот на локалната работа.

    Тој истакна дека амандмани на законот предложени од ДУИ и СДСМ, се прифатени и интегрирани, но дека немало конкретни забелешки од нивната страна.

    Министерот Перински го коментираше прашањето поврзано со бројот на советници по општините, како дел од измените на Законот за локална самоуправа.

    „Уставниот суд ја укина методологијата по која што е правен пописот за која ние гласно зборевме додека бевме во опозиција, не ги укина бројките кои излегоа како производ од пописот. Втора работа пописот го правеше ДУИ и СДСМ и таа методолигија која Уставен ја укина беше создадена од нив“, рече Перински.

    Министерот додаде дека Владата донела одлука со која ќе се интервенира на бројот на советници онаму каде се намалил или зголемил бојот на жители во рамки на општината.

    „Имаше промени во 17 општини, од кои во 14 бројот на советници се намали, а во останатите три се зголеми согласно бројките од пописот“, посочи Перински.

    Тој истакна дека бројот на советници се одредува согласно членот 34 од Законот за локална самоуправа, кој прецизно дефинира дека се пресметува по број на жители во општината.

    „Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за советници, бидејќи тие се жители на друго место“, додаде министерот.

    Перински нагласи дека барањата на опозицијата за вклучување на целото население од пописот не се оправдани и потенцира дека Владата ги расчистила овие прашања пред да ги предложи измените.

    Previous ArticleПерински: Ресурсниот центар – поддршка на општините за поквалитетни локални услуги за граѓаните
    Next Article Висар Адеми поднесе кандидатура за градоначалник на општина Гостивар

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.