Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Перински: Ресурсниот центар – поддршка на општините за поквалитетни локални услуги за граѓаните
    Политика

    Перински: Ресурсниот центар – поддршка на општините за поквалитетни локални услуги за граѓаните

    29/08/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    -За да се одговори на овој децениски предизвик со кој се соочуваат општините потребен е систематизиран пристап и поврзување на мерките и активностите кои и досега во одредена мера се испорачувале во функција на градењето на капацитетите на општините, но заради недостиг на кохерентност помеѓу нив не се постигнувале посакуваните резултати, рече Перински.

    Најави дека веќе се преземаат сите чекори за целосно ставање во функција на Центарот, а уште денеска најави состанок за дигиталната платформа, преку која општините ќе можат да бараат експертски услуги, но и градоначалниците да се информираат за одредени искуства. Експертите, како што појасни Перински нема да бидат на платен список, туку ќе бидат плаќани по учинок за сработената задача за која се ангажирани од општината.

    Во почетокот, Ресурниот центар ќе функционира проектно, за да со текот на времето се институционализира во рамки на Министерството за локална самоуправа. Министерството, додаде Перински, во изминатата година преку директен контакт и посети на општините направило темелна процена на состојбите и ги увидело конкретно тесните грла во спроведувањето на општинските надлежности.

    -Општините се соочуваат со сериозни предизвици како што се: недостиг на административни капацитети, ограничени можности за економски развој и недоволно развиена инфраструктура.  Сето ова директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните.  Како одговор на ова беше спроведување на двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, како интервентна мерка за надминување на најакутните проблеми. Меѓутоа она што исто не загрижува се капацитетите на општините за подготовка на проекти преку кои ќе привлекуваат средства во своите општини, како и квалитетот на испорачаната услуга кон граѓаните, рече Перински.

    Тој нагласи дека Ресурсниот центар претставува механизам што овозможува долгорочна, стручна и одржлива поддршка на сите општини во државата. Неговата цел е директно таргетирање на слабостите: недостиг на административна експертиза, слаба меѓуопштинска координација и недоволна искористеност на ресурсите со кои располагаат општините.

    „Ресусрниот центар ќе обезбеди поддршка која ќе гарантира зголемување на капацитетите на локалната самоуправа што ќе доведе до поквалитетни локални услуги за секој граѓанин“, истакна Перински.

    Во периодот до април 2026 година ќе се фокусираат на неколку подготвителни активности: воспоставување на ростер на експерти коишто на барање на општината би биле на располагање за надминување на предизвиците во испораката на секоја услуга во надлежност на општината, патоказ односно практичен прирачник за идните градоначалници, кој ќе содржи насоки за првите чекори при преземањето на функцијата (од организација на администрацијата, преку финансиско и буџетско планирање, до реализација на капитални проекти, комуникација со граѓаните и работата на советот), насоки за надминување на препораките коишто Државниот завод за ревизија ги детектирал како слабост врз основа на извршените ревизии во општините во изминатиот период, подготовка на дигитална платформа која што ќе претставува интерактивна алатка за општините преку која ќе може да побараат и да добијат одговор брзо и ефикасно и поттикнување на меѓуопштинска соработка.

    „Со оваа иницијатива ја градиме основата за поефикасни и посилни општини. Ресурсниот центар не започнува од нула. Тој претставува продолжување и институционализација на осумгодишниот проект ‘Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој’, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија.  Во оваа прилика сакам особено да се заблагодарам на Амбасадата на Швајцарија која преку конкретни иницијативи континуирано го поддржува одржливиот локален развој и среќен сум што имаме прилика да ги интегрираме нивните добри практики низ нашите политики и со тоа да ги доведеме политиките за локален и регионален развој во поблиска корелација со регулативите и концептот на Европската регионална политика“, рече Перински.

    Додаде дека ваа иницијатива е препознаена како перспективна и од страна на Делегацијата на Европската Унија во земјава, со тоа што преку проектот ЕУ за општините ќе бидат спроведени активности за јакнење на капацитетите на општините како дел од концептот на Ресурсниот центар.

    „И секако поддршката од нашата Влада имплементирана преку УНДП ќе биде додадена вредност за обезбедување на одржливост и понатамошно надградување на Ресурсниот центар. Уверен сум дека со овој ресурсен центар ќе изградиме посилна локална самоуправа, ќе обезбедиме порамномерен развој и ќе создадеме подобри услови за живот на граѓаните во сите делови од нашата држава. А јас лично, во рамки на мојот мандат како министер за локална самоуправа, останувам и понатаму безрезервно посветен и на располагање за нови иницијативи кои што ќе направат разлика во квалитетот на животот на граѓаните“, додаде министерот за локална самоуправа.

    Во врска со проектите финансирани со унгарскиот кредит, Перински рече дека досега 137 проекти од 288 се завршени, 138 се во завршна фаза, а остануваат два проекта од првиот јавен повик, кои се уште не се со склучен договор за изведувач.

    Генерално како Влада, но и како ресорно Министерство, додава Перински, сме задоволни од динамиката на процесот и најави дека заклучно со 31 август ќе спроведат една анкета по општините за да видат кои од нив во рамки на вториот јавен повик направиле ребаланси, за да можат да склучуваат договори и да отвораат јавни повици за изведувачи.

    Previous ArticleМухамед Муртези е носител на листата за советници на Изет Меџити за Општина Чаир
    Next Article Нема пример во светот каде бројот на нерезиденти се зема како параметар за советници, вели Перински

    Поврзани вести

    Омер Буњаку – од советник на Артан Груби до директор на фудбалски клуб во Тирана

    08/09/2025

    Од сон до реалност, за вечност – Ден на независноста

    08/09/2025

    Стоилковиќ со честитка по повод 8 Септември: Нашата сила отсекогаш била во нашата различност

    08/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.