Виктор Исјановски, поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, почина во Грција каде што престојувал на летување.
Тој беше на чело на најголемата здравствена установа во државата од јуни 2019 до 2024 година.
Виктор Исјановски е роден на 21 јули 1978 година во Скопје, каде што го завршил основното и средното образование, во 2003 година дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје по што дел од студиите ги поминал и на Универзитетот во Мајами.
Својата професионална кариера ја започнал во 2004 година во Казнено-поправната установа Идризово. Од 2006 година бил дел од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“, каде што во 2007 година ја завршил специјализацијата по психијатрија. Во 2018 година бил избран за раководител во истата институција.